Sildenafil е орален лек за еректилна дисфункција. Во природен амбиент, односно при сексуална стимулација ја обновува нарушената еректилна дисфункција со зголемување на приливот на крв во пенисот. Физиолошкиот механизам одговорен за ерекција на пенисот вклучува ослободување на азотен оксид (NO) и активирање на гванилат циклазата, која резултира со зголемување на нивото на цикличен гванозин монофосфат, cGMP, кој пак предизвикува релаксација на мазните мускули и поголем прилив на крв.
Препорачана доза на sildenafil е 50mg, администрирана по потреба, околу еден час пред сексуалната активност, со можност за зголемување на дозата до 100mg, односно намалување на дозата до 25mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на sildenafil кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
- Препорачана доза на sildenafil кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min) e 25mg.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачана доза на sildenafil кај пациенти со хепатално оштетување е 25mg.
Храната може да ја одложи апсорпцијата на sildenafil.
Сок од грејпфрут
- Истовремената употреба на sildenafil со сок од грејпгрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на sildenafil.
Употребата на sildenafil е контраиндицирана кај жени.
Поради можност од појава на вертиго и визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.