Лек: Блиссериго

  • ATC код:G04BE08
  • Компанија:ГООДВИЛЛ ПХАРМА ДОО Суботица-претставништво Скопје
  • Доза:5mg филм-обложени таблети
Еректилна дисфункција

Tadalafil е орален лек за еректилна дисфункција. Во природен амбиент, односно при сексуална стимулација ја обновува нарушената еректилна дисфункција со зголемување на приливот на крв во пенисот. Физиолошкиот механизам одговорен за ерекција на пенисот вклучува ослободување на азотен оксид (NO) и активирање на гванилат циклазата, која резултира со зголемување на нивото на цикличен гванозин монофосфат, cGMP, кој пак  предизвикува релаксација на мазните мускули и поголем прилив на крв.

Препорачана дневна доза на tadalafil е 10mg, администрирана по потреба, околу 30 минути пред сексуалната активност.

Кај пациенти кои планираат пофреквентно дозирање, препорачана доза на tadalafil e 5mg дневно.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на tadalafil кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
  • Препорачана доза на tadalafil кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min) e 10mg.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачана доза на tadalafil кај пациенти со хепатално оштетување е 10mg.
  • Хиперсензитивност кон tadalafil;
  • Истовремена употреба со донори на азотен оксид (амил нитрит, нитрати во друга форма); 
  • Истовремена употреба на PDE5 инхибитори или со стимулатори на гванилат циклаза (риоцигуат) поради ризик од симптоматска хипотензија;
  • Тешки кардиоваскуларни нарушувања (нестабилна ангина пекторис, тешка срцева инсуфициенција); 
  • Пациенти кои го изгубиле видот на едното око поради неартериска антериор исхемична невропатија; 
  • Тешко хепатално нарушување;
  • Хипотензија (крвен притисок < 90/50mmHg); 
  • Историја на неодамнешен инсулт или инфаркт на миокардот;
  • Познати наследни дегенеративни нарушувања на ретината.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на tadalafil со инхибитори на CYP450 3A4 како кетоконазол, еритромицин или циметидин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на tadalafil.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на tadalafil со индуктори на CYP450 3A4 може да резултира со намалување на плазматската концентрација на tadalafil.
Нитрати
  • Истовремената употреба на tadalafil со нитрати може да резултира со потенцирање на хипотензивниот ефект на нитратите.
Блокатори на калциумови канали
  • Истовремената употреба на tadalafil со антихипертензиви или блокатори на калциумови канали (верапамил, дилтиазем) може да резултира со значително намалување на крвниот притисок.
α-адренергични антагонисти
  • Истовремената употреба на tadalafil со α-адренергични антагонисти може да резултира со појава на симптоматска хипотензија.
Риоцигват
  • Истовремената употреба на tadalafil со риоцигват може да резултира со адитивен системски хипотензивен ефект.
Инхибитори на 5α-ресуктаза
  • Не се препорачува истовремена употреба на tadalafil со инхибитори на 5α-ресуктаза како финастерид.
Супстрати на CYP450 1A2
  • Истовремената употреба на tadalafil со супстрати на CYP450 1A2 како теофилин, може да резултира со блага тахикардија. 
Етинилестрадиол, тербуталин
  • Истовремената употреба на tadalafil со етинилестрадиол или тербуталин може да резултира со зголемување на оралната биорасположливост на етинилестрадиолот и тербуталинот.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на tadalafil со сок од грејпгрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на tadalafil.

Употребата на tadalafil е контраиндицирана кај жени.

Нема влијание. 

Чести
  • Главоболка, црвенило, назална конгестија, диспепсија, болка во грбот и екстремитетите, мијалгија.
Помалку чести
  • Реакции на хиперсензитивност, вертиго, заматен вид кој се опишува како болка во очите, тинитус, палпитации, тахикардија, хипертензија, диспнеа, абдоминална болка, вомитус, наузеа, гастроинтестинален рефлукс, осип, продолжени ерекции, болка во градите, периферни едеми, замор.
Ретки
  • Ангиоедем, удар, синкопа, напади на исхемија, мигрена, транзетна амнезија, намалено видно поле, едем на очните капаци, конјунктивна хиперемија, неартериска исхемична оптичка невропатија на предната страна, ретинална васкуларна оклузија, ненадејно губење на слухот, миокарден инфаркт, нестабилна ангина, вентрикуларна аритмија, уртикарија, Stevens-Johnson-ов синдром, ексофолијативен дерматитис, потење, приапизам, хеморагија на пенис, хематоспермија, фацијални едеми, ненадејна кардијална смрт.
Непознато
  • Централна сензорна хориоретинопатија.
Многу чести

/

Многу ретки

/

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вертиго и визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G04BE08
Генерично име:tadalafil
Латинично име:Tadalafil film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5mg филм-обложени таблети
Производител:ГООДВИЛЛ ПХАРМА ДОО Суботица-претставништво Скопје
Носител на одобрение:ZAKLADY FARMACEUTYCZNE POLPHARMA S.A., Старогард Гдански, Полска, ZAKLADY FARMACEUTYCZNE POLPHARMA S.A, Нова Деба, Полска