Tadalafil е орален лек за еректилна дисфункција. Во природен амбиент, односно при сексуална стимулација ја обновува нарушената еректилна дисфункција со зголемување на приливот на крв во пенисот. Физиолошкиот механизам одговорен за ерекција на пенисот вклучува ослободување на азотен оксид (NO) и активирање на гванилат циклазата, која резултира со зголемување на нивото на цикличен гванозин монофосфат, cGMP, кој пак предизвикува релаксација на мазните мускули и поголем прилив на крв.
Препорачана дневна доза на tadalafil е 10mg, администрирана по потреба, околу 30 минути пред сексуалната активност.
Кај пациенти кои планираат пофреквентно дозирање, препорачана доза на tadalafil e 5mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на tadalafil кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
- Препорачана доза на tadalafil кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min) e 10mg.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачана доза на tadalafil кај пациенти со хепатално оштетување е 10mg.
Употребата на tadalafil е контраиндицирана кај жени.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вертиго и визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.