Лек: Пеметрексед Фрезениус Каби

  • ATC код:L01BA04
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:25 mg/mL концентрат за раствор за инфузија
Малиген плеврален мезотелиом
Не-ситноклеточен карцином на белите дробови

Pemetrexed е антифолатски агенс кој спаѓа во групата на антинеопластични агенси, против канцер, кој делува повеќенасочно така што ги нарушува клучните метаболички процеси зависни од фолати, неопходни за клеточна репликација.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс > 45 mL/min; 
  • Не се препорачува употреба на pemetrexed кај пациенти со креатинин клиренс < 45 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Комбинација со цисплатин
  • Препорачана доза на pemetrexed е 500 mg/m2 телесна површина, администрирана во облик на интравенска инфузија во тек на 10 минути, на првиот ден од секој 21-дневен циклус. Препорачана доза на цисплатин е 75 mg/m2 телесна површина, администрирана во облик на инфузија во времетраење од 2 часа, приближно 30 минути по завршување на инфузијата со pemetrexed
Монотерапија
  • Препорачана доза на pemetrexed е 500 mg/m2 телесна површина, администрирана во облик на интравенска инфузија во тек на 10 минути, на првиот ден од секој 21-дневен циклус. 
  • Хиперсензитивност кон pemetrexed
  • Доење; 
  • Истовремена вакцина против жолта треска.
Нефротоксични лекови
  • Истовремената употреба на pemetrexed со нефротоксични лекови како аминогликозиди, диуретици на Хенлеова петелка, соединенија на платина или циклоспорин може да резултира со одложување на клиренсот на pemetrexed.
НСАИЛи и ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на pemetrexed со високи дози на НСАИЛи или ацетилсалицилна киселина може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на pemetrexed и потенцирање на неговите несакани ефекти.
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на pemetrexed со антикоагуланси може да го зголеми ризикот од хеморагија.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на pemetrexed за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со pemetrexed.

Pemetrexed може да предизвика трајна неплодност кај мажите.

Многу чести
  • Инфекција, фарингитис, неутропенија, леукопенија, намалување на нивото на хемоглобин, стоматитис, анорексија, вомитус, дијареа, наузеа, осип, ексфолијација на кожата, намален креатинин клиренс, зголемени нивоа на креатинин во крвта, замор.
Чести
  • Сепса, фебрилна неутропенија, тромбоцитопенија, хиперсензитивност, дехидратација, дисгеузија, периферна моторна невропатија, периферна сензорна невропатија, вртоглавица, конјунктивитис, суво око, хиперлакримација, кератоконјунктивитис, едем на очните капаци, нарушување на окуларната површина, срцева инсуфициенција, аритмија, диспепсија, констипација, абдоминална болка, зголемени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, хиперпигментација, пруритус, еритема мултиформе, алопеција, уртикарија, ренална инсуфициенција, хиперпирексија, ангина пекторис, мукозитис, зголемени серумски нивоа на GGT.
Помалку чести
  • Панцитопенија, цереброваскуларен инцидент, исхемичен мозочен удар, интракранијална хеморагија, ангина, миокарден инфаркт, нарушување на коронарната артерија, аритмија, периферна исхемија, пулмонарна емболија, интерстицијален пневмонитис, ректална хеморагија, гастроинтестинална хеморагија, интестинална перфорација, езофагитис, колитис, езофагитис, пневмонитис.
Ретки
  • Автоимуна хемолитична анемија, анафилактичен шок, хепатитис, еритем.
Многу ретки
  • Дермохиподермитис, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, стекнат булозен пемфигоиден дерматитис, псевдоцелулитис, дерматитис, егзема.
Непознато
  • Нефроген дијабетес инсипидус, ренална тубуларна некроза.
Симптоми
  • Неутропенија, анемија, тромбоцитопенија, мукозитис, сензорна полиневропатија, осип и супресија на коскената срцевина.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01BA04
Генерично име:pemetrexed
Латинично име:Pemetrexed (powder for) concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:25 mg/mL концентрат за раствор за инфузија
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:Fresenius Kabi Poland Ltd, Кутно, Полска, FRESENIUS KABI Deutschland GmbH , Фриедберг, Германија