Лек: Монтелукаст Лек

  • ATC код:R03DC03
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:10mg филм-обложени таблети
Третман на астма како дополнителна терапија
  • Применливо кај пациенти со слаба до умерена несоодветно-контролирана постојана астма.
Олеснување на симптоми од алергиски ринитис кај пациенти со астма
Профилакса на астма
  • Применливо кај пациенти со бронхоконстрикција предизвикана од напор.

Цистеинил леукотриените (LTC4, LTD4, LTE4), се моќни проинфламаторни еикозаноиди кои се одлободуваат од различни клетки вклучувајќи ги маст клетките и еозинофилите. Овие важни проастматични медијатори се врзуваат со цистеинил леукотриенските (CysLT) рецептори на ниво на респираторните патишта и предизвикуваат респираторни дејства, вклучувајќи бронхоконстрикција, мукозна секреција, васкуларна пропустливост и еозинофилно собирање.​ Montelukast се врзува со висок афинитет и селективност за CysLT1 рецепторот и ja инхибира бронхоконстрикцијата поради инхалираниот LTD4. Дополнително, montelukast ги намалува еозинофилите во респираторните патишта, како и во периферната крв кај возрасни и педијатриски пациенти така што ја подобрува клиничката контрола на астмата. 

Препорачаната доза на montelukast кај возрасни пациенти и адолесценти на возраст од 15 години и постари со астма, или со астма и попратен сезонски алергиски ринитис е 10mg дневно, администрирана навечер.

  • Хиперсензитивност кон montelukast.
Фенобарбитал
  • Истовремената употреба на montelukast со фенобарбитал може да резултира со намалување на плазматската концентрација на montelukast.
Фенитоин, рифампицин
  • Истовремената употреба на montelukast со фенитоин или рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на montelukast.

Montelukast се администрира 1 час пред, односно 2 часа по оброк.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на montelukast за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со montelukast.

Нема податоци.

Многу чести
  • Горни респираторни инфекции.
Чести
  • Дијареа, наузеа, вомитус, зголемени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, осип, пирексија.
Помалку чести
  • Реакции на хиперсензитивност (анафилакса), абнормални соништа, кошмари, инсомнија, сомнабулизам, анксиозност, агитација, агресивно однесување, депресија, психомоторна хиперактивност, иритабилност, немир, вознемиреност, агресивно однесување, тремор, вертиго, замаеност, парестезија / хипоестезија, напади, епистакса, сува уста, диспепсија, модринки, уртикарија, пруритус, артралгија, мијалгија, мускулни спазми, енуреза кај деца, астенија, слабост, малаксаност, едем.
Ретки
  • Ангиоедем, палпитации, нарушување на вниманието, нарушена меморија, зголемена склоност кон крварење.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, хепатална еозинофилна инфилтрација, халуцинации, дезориентација, суицидни мисли, суицидност, опсесивно-компулсивен синдром, дисфемија, Churg-Strauss-синдром, хепатитис, холестатски, хепатоцелуларен и мешан хепатитис, повреди на хепарот, еритема нодозум, еритема мултиформе.
Непознато

/

Нема податоци.

Поради можност од појава на вртоглавица и зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R03DC03
Генерично име:montelukast
Латинично име:Montelukast film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg филм-обложени таблети
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, LEK S.A. , Варшава, Полска, SANDOZ S.R.L., Таргу Муреш, Романија, LEK Pharmaceuticals d.d.-, Љубљана, Словенија