Лек: Парацетамол Алкалоид

  • ATC код:N02BE01
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:500mg таблети (10 таблети (блистер 1 x 10)/кутија)
Блага до умерена болка
  • Применливо при главоболка, забоболка или менструални болки. 
Болка при повреда и по медицинска и стоматолошка интервенција
Минлива мускулна болка или болка во зглобовите при настинка и грип
Хиперпирексија предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Ревматска болка
  • Применливо при остеоартритис и болки во грбот кои немаат инфламаторно потекло.

Paracetamol претставува нестероиден антиинфламаторен лек, неселективен инхибитор на COX-1 и COX-2 – ензими кои се вклучени во синтезата на проинфламаторните простагландини. Со инхибиција на активноста на циклооксигеназите се спречува продукцијата на проинфламаторните простагландини кои се одговорни за предизвикување на болка и инфламаторни реакции.

Препорачана почетна доза на paracetamol за возрасни пациенти и адолесценти на возраст над 16 години е 10 - 15 mg/kg телесна тежина, односно вкупна дневна доза од 60 mg/kg телесна тежина дневно или 3000mg paracetamol.

Интервалот помеѓу поединечните дози треба да биде 6 часа.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Maксималната дневна доза на paracetamol за педијатриски пациенти со телесна тежина < 50 kg е 60 mg/kg телесна тежина дневно, односно максимум 2000mg дневно.
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачана доза на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс од 10 - 50 mL/min е 500mg на секои 6 часа; 
  • Препорачана доза на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс < 10 mL/min е 500mg на секои 8 часа.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон paracetamol.
Антиепилептици
  • Истовремената употреба на paracetamol со антиепилептици како фенитоин, фенобарбитон и карбамазепин може резултира со хепатално оштетување.
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на paracetamol со антикоагуланси може да резултира со потенцирање на антикоагулантниот ефект.
Изониазид
  • Истовремената употреба на paracetamol со изониазид може да го зголеми ризикот од хепатотоксичност.
Рифампицин
  • Истовремената употреба на paracetamol со рифампицин може да резултира со потенцирање на хепатотоксичните ефекти на paracetamol
Метоклопрамид, домперидон
  • Истовремената употреба на paracetamol со метоклопрамид или домперидон може да резултира со зголемување на апсорпцијата на paracetamol.
Хлорамфеникол
  • Истовремената употреба на paracetamol со хлорамфеникол може да резултира со продолжување на полупериодот на елиминација на хлорамфеникол.
Холестирамин
  • Истовремената употреба на paracetamol со холестирамин може да резултира со намалување на апсорпцијата на paracetamol.
Ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на paracetamol со ацетилсалицилна киселина или други аналгетици и антипиретици може да го зголеми ризикот од нефропатија и ренална папиларна некроза. 
Салициламид
  • Истовремената употреба на paracetamol со салициламид може да резултира со продолжување на полупериодот на елиминација на paracetamol
Нефротоксични лекови
  • Истовремената употреба на paracetamol со нефротоксични лекови може да го зголеми ризикот од појава на акутна тубуларна некроза.
Зидовудин
  • Истовремената употреба на paracetamol со зидовудин може да резултира со појава на гранулоцитопенија.
Пробенецид
  • Истовремената употреба на paracetamol со пробенецид може да резултира со намалување на клиренсот на paracetamol
Пропантелин, активен јаглен
  • Истовремената употреба на paracetamol со пропантелин или активен јаглен може да резултира со намалување на апсорпцијата на paracetamol.
Алкохол
  • Истовремената употреба на paracetamol со алкохол може да го зголеми ризикот од хепатално оштетување и од гастрично крварење. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на paracetamol за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со paracetamol.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки
  • Нарушување на тромбоцитите, нарушувања на матичните клетки, бронхоспазам, хиперсензитивни реакции (црвенило на кожата до уртикарија), депресија, конфузија, халуцинации, тремор, главоболка, абнормален вид, хеморагија, абдоминална болка, дијареа, наузеа, емеза, покачување на серумските нивоа на хепаталните трансаминази, абнормална хепатална функција, хепатална инсуфициенција, иктерус, пруритус, осип, потење, пурпура, ангиоедем, тахикардија, вртоглавица, малаксаност, пирексија, седација, интеракција со лекови, предозирање и труење.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, леукопенија, неутропенија, агранулоцитоза, хемолитичка анемија, хиперсензитивни реакции (Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза), хипогликемија, хепатотоксичност. стерилна пиурија, ренални несакани ефекти (ренална инсуфициенција).
Непознато
  • Интерстицијален нефритис по продолжена употреба на високи дози, еритема мултиформе, анафилактичен шок.
Симптоми
  • Бледило, мачнина, вомитус, потење, поспаност, покачување на серумските нивоа на хепаталните трансаминази и лактат дехидрогеназата, хипербилирубинемија, пролонгирање на протромбинското време, губење на апетитот, прогресивна конфузија, прогресивен иктерус и гастроинтестинално крварење, хепатална некроза, метаболна ацидоза, енцефалопатија, кома и смрт. 
Третман
  • Индукција на емеза и гастрична лаважа; 
  • Администрација на активен јаглен; 
  • Администрација на ацетилцистеин или метионин (перорално или интравенски); 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема податоци.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N02BE01
Генерично име:paracetamol
Латинично име:Paracetamol tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg таблети (10 таблети (блистер 1 x 10)/кутија)
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија