Блага до умерена болка
Хиперпирексија предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Paracetamol претставува нестероиден антиинфламаторен лек, неселективен инхибитор на COX-1 и COX-2 – ензими кои се вклучени во синтезата на проинфламаторните простагландини. Со инхибиција на активноста на циклооксигеназите се спречува продукцијата на проинфламаторните простагландини кои се одговорни за предизвикување на болка и инфламаторни реакции.
Препорачана дневна доза на paracetamol за педијатриски пациенти со телесна тежина од 4 - 32 kg, односно на возраст од 2 месеци до 12 години е 60 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 4 - 6 поединечни дози, односно околу 15 mg/kg телесна тежина на секои 6 часа.
Посебни популации Пациенти со ренално оштетување
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс > 10 mL/min е на секои 6 часа;
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс < 10 mL/min е на секои 8 часа.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.