Лек: Канестен 1

  • ATC код:G01AF02
  • Компанија:Bayer d.o.o. Ljubljana, Претставништво
  • Доза:500mg мека вагинална капсула
Вагинитис предизвикан од Candida spp.

Clotrimazole делува преку механизам на деструкција на структурата и интегритетот на клеточната мембрана на фунгалната клетка, со што се зголемува нејзината пермеабилност. Clotrimazole ја инхибира биосинтезата на ергостеролот - есенцијална компонента на клеточната мембрана на фунгалната клетка која е одговорна за растот на фунгалната клетка, а исто така ја инхибира активноста на ланостерол 14-деметилазата.

Вагинални инфекции
  • Препорачана доза на clotrimazole e 1 вагинална мека капсула од 500mg која се инсертира навечер, колку што е можно подлабоко во вагината, пред спиење; 
  • Инсерцијата најдобро се постигнува со лежење на грб, со малку свиткани нозе.
  • Хиперсензитивност кон clotrimazole.
Такролимус
  • Истовремената употреба на вагинален clotrimazole со орален такролимус може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на такролимус.

Нема влијание. 

Бременост
  • Clotrimazole може да се употребува за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со clotrimazole.

Нема влијание. 

Нарушувања на имунолошки систем
  • Ангиоедем, анафилактичка реакција, хиперсензитивност.
Васкуларни нарушувања
  • Хипотензија, синкопа.
Респираторни, торакални и медијастинални нарушувања
  • Диспнеа. 
Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Плускавци, контактен дерматитис, еритема, парестазија, ексфолијација на кожата, пруритус, осип, уртикарија, печење на кожата, иритација на местото на апликација, реакција на местото на апликација, едем, болка.

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:G01AF02
Генерично име:clotrimazole
Латинично име:Clotrimazole soft vaginal capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg мека вагинална капсула
Производител:Bayer d.o.o. Ljubljana, Претставништво
Носител на одобрение:BAYER farmacevtska druzba d.o.o., Љубљана, Словенија, GP Grenzach Produktions GmbH, Гренцах-Вилхен, Германија