Секундарна превенција на миокарден инфаркт
Секундарна превенција на мозочен удар
Спречување на пост-оперативна тромбоемболија
Acetylsalicylic acid врши инхибиција на синтезата на проинфламаторните простагландини и инхибиција на агрегација на тромбоцитите преку механизам на неселективна инхибиција на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2. Со својата ацетил-група, acetylsalicylic acid се врзува за серинските резидуи на ензимот СОХ-1 и на тој начин врши негова иреверзибилна инхибиција, а со тоа се инхибира продукцијата на проинфламаторните простагландини, односно се спречува конверзијата на арахидонската киселина во тромбоксан А2 - протеин-индуктор на агрегацијата на тромбоцитите.
Препорачана доза на acetylsalicylic acid e 75 - 150 mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на acetylsalicylic acid кај педијатриски пациенти под 16-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Интоксикацијата со салицилати може да биде хронична и акутна интоксикација
Симптоми
- Вомитус, дехидратација, тинитус, вертиго, губење на слухот, потење, топли екстремитети со јак пулс, хипервентилација и зголемена фреквенција на дишењето, мешана респираторна алкалоза и метаболна ацидоза со нормална или висока артериска рН-вредност, хематемеза, хиперпирексија, хипогликемија, хипокалиемија, тромбоцитопенија, интраваскуларна коагулација, пролонгирање на протромбинското време, ренална инсуфициенција, не-кардијален пулмонален едем, CNS-нарушувања (конвулзии, конфузија, дезориентација).
Третман
- Администрација на активен јаглен 1 час по интоксикацијата;
- Алкализација на урината со 1,26'% натриум хидрогенкарбонат;
- Интравенска администрација на 8,4% натриум хидрогенкарбонат за корекција на метаболната ацидоза;
- Хемодијализа.
Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.