Хипертензија
Срцева инсуфициенција
Превенција на симптоматска срцева инсуфициенција
Превенција на коронарни исхемични настани
Enalapril претставува АКЕ-инхибитор кој ја инхибира активноста на ангиотензин-конвертирачкиот ензим, кој ја катализира конверзијата на ангиотензин I во ангиотензин II. Инхибицијата на ангиотензин-конвертирачкиот ензим резултира со намалување на концетрацијата на ангиотензин II, зголемување на реналната активност и намалено лачење на алдостерон. Антихипертензивниот и хемодинамичкиот ефект на enalapril кај пациенти со хипертензија се резултат на дилатацијата на резистентните крвни садови и намалувањето на вкупната периферна резистентност, која постепено го намалува крвниот притисок. Ритамот на срцето и кардијалниот 'output' обично остануваат непроменети.
Поради можност од појава на вртоглавица и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.