Лек: Оспамокс ДТ

  • ATC код:J01CA04
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:750mg таблети за перорална суспензија
Акутен бактериски синуситис
Акутен otitis media
Акутен стрептококен тонзилитис и фарингитис
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Вонболнички-стекната пневмонија
Акутен циститис
Асимптоматска бактериурија во бременоста
Акутен пиелонефритис
Тифусна и паратифусна треска
Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис
Инфекции на вештачки протетски зглобови
Ерадикација на Helicobacter pylori
Лајмска болест
Профилакса на ендокардитис

Amoxicillin претставува семи-синтетски β-лактамски антибиотик кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини (PBP1) и други високо-молекуларни пеницилин-врзувачки протеини кои се одговорни за реакциите на гликозилтрансфераза и транспептидаза кои водат до вкрстено поврзување на D-aланин и D-аспартска киселина на ниво на бактерискиот клеточен ѕид, во рамки на процесот на синтеза на пептидогликанот. Со инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини, се активираат автолитичките ензими кои ја оневозможуваат синтезата на бактерискиот клеточен ѕид, како и неговото обновување, како резултат на што доаѓа до клеточна лиза и апоптоза, односно се манифестира бактерицидното дејство на amoxicillin

Возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина > 40kg

Табела 1. Прилагодување на дозата 

Индикација

Доза

Акутен бактериски синуситис

250 – 500 mg на секои 8 часа или 750 – 1000 mg на секои 12 часа;

За тешки инфекции: 750 – 1000 mg на секои 8 часа;

*Акутен циститис: 3000mg на 12 часа, во период од 1 ден

Асимптоматска бактериурија во бременоста

Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис

Акутен циститис*

Акутен оtitis media

500mg на секои 8 часа или 750 – 1000 mg на секои 12 часа;

За тешки инфекции: 750 – 1000 mg на секои 8 часа, во период од 10 дена

Aкутен стрептококен тонзилитис и фарингитис

Акутна егзацербација на хроничен бронхитис

Вонболнички-стекната пневмонија

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Тифусна и паратифусна треска

500 – 2000 mg на секои 8 часа

Инфекции на вештачки протетски зглобови

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Профилакса на ендокардитис

2000mg, 30 – 60 минути пред постапката

Ерадикација на Helicobacter pylori

750 – 1000 mg на секои 12 часа, во комбинација со омепразол / лансопразол и со друг антибиотик (кларитромицин, метронидазол) во период од 7 дена

Лајмска болест

Рана фаза – 500 – 1000 mg на секои 8 часа, до максимум 4000 mg на ден, администрирани во поделени дози во текот на 14 дена (10 – 21 дена);

Доцна фаза – 500 – 2000 mg на секои 8 часа, до максимум 6000 mg на ден, администирани во поделени дози, во период од 10 – 30 дена.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
Педијатриски пациенти со телесна тежина ≤ 40kg

Табела 2. Прилагодување на дозата 

Индикација

Доза

Акутен бактериски синуситис

20 – 90 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во поделени дози

Акутен оtitis media

Вонболнички-стекната пневмонија

Акутен циститис

Акутен пиелонефритис

Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис

Акутен стрептококен тонзилитис и фарингитис

40 – 90 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во поделени дози

Тифусна и паратифусна треска

100 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа)

Профилакса на ендокардитис

50 mg/kg телесна тежина, администрирана 30 – 60 минути пред постапката

Лајмска болест

Рана фаза – 25 – 50 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа), во период од 10 – 21 дена;

Доцна фаза – 100 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа), во период од 10 – 30 дена

Пациенти со ренална инсуфициенција

Табела 3. Прилагодување на дозата 

GFR (mL/min)

Возрасни и деца со телесна тежина 40 kg

Педијатриски пациенти со телесна тежина < 40 kg

>30

Не е потребно прилагодување на дозата

Не е потребно прилагодување на дозата

10 – 30

500mg на секои 12 часа

15 mg/kg телесна тежина на секои 12 часа

< 10

500mg дневно

15 mg/kg телесна тежина дневно

Пациенти на хемодијализа

Табела 4. Прилагодување на дозата

 

Хемодијализа

Возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина > 40 kg

500mg на секои 24 часа;

Непосредно пред- и по хемодијализата се администрира дополнителна доза од 500mg

Педијатриски пациенти со телесна тежина < 40kg

15 mg/kg телесна тежина дневно

Непосредно пред- и по хемодијализата се администрира дополнителна доза од 15 mg/kg телесна тежина

Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон amoxicillin
  • Историја на тешка хиперсензитивна реакција / анафилакса кон други β-лактамски антибиотици (цефалоспорини, карбапенеми, монобактами).
Пробенецид
  • Истовремената употреба на amoxicillin со пробенецид може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amoxicillin.
Алопуринол
  • Истовремената употреба на amoxicillin со алопуринол може да го зголеми ризикот од појава на тешки алергиски кожни реакции.
Тетрациклини
  • Истовремената употреба на amoxicillin со тетрациклини може да резултира со изменување на бактерицидното дејство на amoxicillin
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на amoxicillin со орални антикоагуланси може да го пролонгира протромбинското време и да го зголеми ризикот од хеморагија.
Метотрексат
  • Истовремената употреба на amoxicillin со метотрексат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на метотрексат и потенцирање на неговите токсични ефекти. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на amoxicillin за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со amoxicillin.

Нема влијание. 


 

Многу чести

/

Чести
  • Кожен осип, наузеа, дијареа. 
Помалку чести
  • Вомитус, уртикарија, пруритус.
Ретки

/

Многу ретки
  • Мукокутана кандидијаза, реверзибилна леукопенија (вклучувајќи тешка неутропенија и агранулоцитоза), реверзибилна тромбоцитопенија, хемолитичка анемија, продолжување на времето на крварење и на протромбинското време, тешки алергиски реакции (вклучувајќи ангионевротски едем, анафилакса, серумска болест и хиперсензитивен васкулитис), хиперкинезија, вертиго, конвулзии, колитис предизвикан од антибиотици (вклучувајќи псевдомембранозен колитис и хеморагичен колитис), црн влакнест јазик, површинска дисколорација на забите, хепатитис и холестатски иктерус, покачување на серумските нивоа на аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, интерстицијален нефритис, еритема мултиформе, Stevens-Johnson-ов синдром и токсична епидермална некролиза, булозен и ексфолијативен дерматитис, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми.
Непознато
  • Jarisch-Herxheimer-ова реакција, асептичен менингитис, Коунис синдром, синдром на ентероколитис предизвикан од лекот, линеарно IgA заболување, кристалурија (вклучувајќи акутно ренално оштетување). 
Симптоми
  • Гастроинтестинални симптоми (наузеа, вомитус, дијареа), нарушување на водено-електролитната рамнотежа, кристалурија која може да доведе до ренална инсуфициенција, конвулзии.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Хемодијализа.

Поради можност од појава на вртоглавица и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

 

ATC код:J01CA04
Генерично име:amoxicillin
Латинично име:Amoxicillin tablets for oral suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:750mg таблети за перорална суспензија
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:SANDOZ GmbH, Кундл, Австрија
allopurinol
Умерена
anisindione
Умерена
balsalazide
Умерена
bcg
Сериозна
betiatide
Умерена
bifidobacterium infantis
Умерена
chloramphenicol
Умерена
cholera vaccine, live
Сериозна
demeclocycline
Умерена
dicumarol
Умерена
doxycycline
Умерена
entecavir
Умерена
estradiol
Умерена
estropipate
Умерена
ethinyl estradiol
Умерена
fecal microbiota spores, live
Сериозна
fecal microbiota, live
Умерена
guar gum
Умерена
indium oxyquinoline in-111
Умерена
lactobacillus acidophilus
Умерена
lactobacillus reuteri
Умерена
lactobacillus rhamnosus
Умерена
lactobacillus rhamnosus gg
Умерена
methotrexate
Сериозна
minocycline
Умерена
mycophenolate mofetil
Сериозна
mycophenolic acid
Сериозна
oxytetracycline
Умерена
pemetrexed
Умерена
sarecycline
Умерена
sodium iodide i-123
Умерена
sodium iodide-i-131
Умерена
tetracycline
Умерена
trospium
Умерена
typhoid vaccine, live
Сериозна
warfarin
Умерена