Акутен бактериски синуситис
Акутен otitis media
Акутен стрептококен тонзилитис и фарингитис
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Вонболнички-стекната пневмонија
Акутен циститис
Асимптоматска бактериурија во бременоста
Акутен пиелонефритис
Тифусна и паратифусна треска
Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис
Инфекции на вештачки протетски зглобови
Ерадикација на Helicobacter pylori
Лајмска болест
Профилакса на ендокардитис
Amoxicillin претставува семи-синтетски β-лактамски антибиотик кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини (PBP1) и други високо-молекуларни пеницилин-врзувачки протеини кои се одговорни за реакциите на гликозилтрансфераза и транспептидаза кои водат до вкрстено поврзување на D-aланин и D-аспартска киселина на ниво на бактерискиот клеточен ѕид, во рамки на процесот на синтеза на пептидогликанот. Со инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини, се активираат автолитичките ензими кои ја оневозможуваат синтезата на бактерискиот клеточен ѕид, како и неговото обновување, како резултат на што доаѓа до клеточна лиза и апоптоза, односно се манифестира бактерицидното дејство на amoxicillin.
Возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина > 40kg Табела 1. Прилагодување на дозата
|
Индикација
|
Доза
|
|
Акутен бактериски синуситис
|
250 – 500 mg на секои 8 часа или 750 – 1000 mg на секои 12 часа;
За тешки инфекции: 750 – 1000 mg на секои 8 часа;
*Акутен циститис: 3000mg на 12 часа, во период од 1 ден
|
|
Асимптоматска бактериурија во бременоста
|
|
Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис
|
|
Акутен циститис*
|
|
Акутен оtitis media
|
500mg на секои 8 часа или 750 – 1000 mg на секои 12 часа;
За тешки инфекции: 750 – 1000 mg на секои 8 часа, во период од 10 дена
|
|
Aкутен стрептококен тонзилитис и фарингитис
|
|
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
|
|
Вонболнички-стекната пневмонија
|
500 – 1000 mg на секои 8 часа
|
|
Тифусна и паратифусна треска
|
500 – 2000 mg на секои 8 часа
|
|
Инфекции на вештачки протетски зглобови
|
500 – 1000 mg на секои 8 часа
|
|
Профилакса на ендокардитис
|
2000mg, 30 – 60 минути пред постапката
|
|
Ерадикација на Helicobacter pylori
|
750 – 1000 mg на секои 12 часа, во комбинација со омепразол / лансопразол и со друг антибиотик (кларитромицин, метронидазол) во период од 7 дена
|
|
Лајмска болест
|
Рана фаза – 500 – 1000 mg на секои 8 часа, до максимум 4000 mg на ден, администрирани во поделени дози во текот на 14 дена (10 – 21 дена);
Доцна фаза – 500 – 2000 mg на секои 8 часа, до максимум 6000 mg на ден, администирани во поделени дози, во период од 10 – 30 дена.
|
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаПедијатриски пациенти со телесна тежина ≤ 40kg Табела 2. Прилагодување на дозата
|
Индикација
|
Доза
|
|
Акутен бактериски синуситис
|
20 – 90 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во поделени дози
|
|
Акутен оtitis media
|
|
Вонболнички-стекната пневмонија
|
|
Акутен циститис
|
|
Акутен пиелонефритис
|
|
Стоматолошки апсцес со ширење на целулитис
|
|
Акутен стрептококен тонзилитис и фарингитис
|
40 – 90 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во поделени дози
|
|
Тифусна и паратифусна треска
|
100 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа)
|
|
Профилакса на ендокардитис
|
50 mg/kg телесна тежина, администрирана 30 – 60 минути пред постапката
|
|
Лајмска болест
|
Рана фаза – 25 – 50 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа), во период од 10 – 21 дена;
Доцна фаза – 100 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа), во период од 10 – 30 дена
|
Пациенти со ренална инсуфициенцијаТабела 3. Прилагодување на дозата
|
GFR (mL/min)
|
Возрасни и деца со телесна тежина ≥ 40 kg
|
Педијатриски пациенти со телесна тежина < 40 kg
|
|
>30
|
Не е потребно прилагодување на дозата
|
Не е потребно прилагодување на дозата
|
|
10 – 30
|
500mg на секои 12 часа
|
15 mg/kg телесна тежина на секои 12 часа
|
|
< 10
|
500mg дневно
|
15 mg/kg телесна тежина дневно
|
Пациенти на хемодијализа Табела 4. Прилагодување на дозата
|
|
Хемодијализа
|
|
Возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина > 40 kg
|
500mg на секои 24 часа;
Непосредно пред- и по хемодијализата се администрира дополнителна доза од 500mg
|
|
Педијатриски пациенти со телесна тежина < 40kg
|
15 mg/kg телесна тежина дневно
Непосредно пред- и по хемодијализата се администрира дополнителна доза од 15 mg/kg телесна тежина
|
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на вртоглавица и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.