Ново-дијагностицирана хронична миелоидна леукемија со позитивен филаделфија хромозом во хронична фаза
Хронична миелоидна леукемија во хронична фаза, фаза на акцелерација или фаза на бластна криза која е резистентна или интолерантна на терапија
Акутна лимфобластна леукемија позитивна на филаделфија хромозом
Хронична миелоидна леукемија во лимфоидна бластна криза
Dasatinib претставува инхибитор на тирозин киназа кој врши инхибиција на BCR-ABL, SRC (SRC, LCK, YES, FYN), c-KIT, EPHA2 и PDGFRβ гените. Кај пациентите со хронична миелоидна леукемија, активноста на генот BCR-ABL е дисрегулирана и тоа резултира со раст, пролиферација и преживување на хематопоетските канцер-клетки; dasatinib се врзува со висок афинитет за активната и неактивната конформација на ABL-киназниот домеин и на тој начин ја инхибира пролиферацијата на канцер-клетките.
Препорачана почетна доза на dasatinib во хронична фаза на хронична миелоидна леукемија е 79mg дневно.
Препорачана почетна доза на dasatinib за третман на хронична миелоидна леукемија во фаза на акцелерација, фаза на миелоидна или лимфоидна бластна криза или акутна миелоидна леукемија позитивна на филаделфија хромозом е 111mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаХронична миелоидна леукемија позитивна на филаделфија хромозом во хронична фаза и акутна миелоидна леукемија позитивна на филаделфија хромозом Табела 2. Прилагодување на дозата во зависност од телесната тежина
Телесна тежина (kg)
|
Препорачана дневна доза (mg)
|
10 – 20
|
32
|
20 – 30
|
48
|
30 – 45
|
55
|
≥ 45
|
79
|
Табела 3. Зголемување на дозата
Максимална дневна доза
|
Почетна доза
|
Зголемување
|
Dasatinib
|
Dasatinib
|
32mg
|
40mg
|
48mg
|
55mg
|
55mg
|
71mg
|
79mg
|
95mg
|
Прилагодување на дозата поради миелосупресијаТабела 4. Прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти со хронична миелоидна леукемија во хронична фаза позитивна на филаделфија хромозом поради неутропенија и тромбоцитопенија
1.Цитопенија која перзистира подолго од 3 недели
2.Цитопенија која не е асоцирана со леукемија – прекин на третманот се’ до постигнување на број на неутрофили > 1,0 * 10^9/L и број на тромбоцити > 75 * 10^9/L и потоа повторно се продолжува со третманот со оригиналната почетна доза или со намалена доза
3.Повторена цитопенија – повторно започнување на третманот со намалена доза
|
Максимална дневна доза
|
Оригинална почетна доза
|
I ниво на редукција на дозата
|
II ниво на редукција на дозата
|
dasatinib
|
dasatinib
|
dasatinib
|
32mg
|
16mg
|
/
|
47mg
|
32mg
|
16mg
|
55mg
|
48mg
|
40mg
|
79mg
|
63mg
|
55mg
|
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Прилагодување на дозата поради миелосупресијаТабела 1. Прилагодување на дозата кај возрасни пациенти поради неутропенија и тромбоцитопенија
Возрасни пациенти со хронична миелоидна леукемија во хронична фаза (почетна доза од 79mg дневно)
|
Број на тромбоцити < 50 * 10^9/L или број на неутрофили < 0,5 * 10^9/L
|
Прекин на третманот се’ до постигнување на број на неутрофили > 1,0 * 10^9/L и број на тромбоцити > 50 * 10^9/L, а потоа се продолжува со третманот;
Доколку бројот на тромбоцитите и неутрофилите не се зголемува, се продолжува со администрација на редуцирана доза од 63mg дневно;
За трета епизода, дозата дополнително се намалува на 40mg дневно или третманот се прекинува
|
Возрасни пациенти со хронична миелоидна леукемија во забрзана или бластна фаза и акутна миелоидна леукемија позитивна на филаделфија хромозом (почетна доза од 111mg дневно)
|
Број на тромбоцити < 10 * 10^9/L или број на неутрофили < 0,5 * 10^9/L
|
Прекин на третманот се’ до постигнување на број на неутрофили > 1,0 * 10^9/L и број на тромбоцити > 20 * 10^9/L, а потоа се продолжува со третманот;
При рекурентна цитопенија повторно се започнува со примена на доза од 79mg дневно (втора епизода) или 63mg дневно (трета епизода)
|
Инхибитори на CYP450 3A4 Истовремената употреба на dasatinib со инхибитори на CYP450 3A4 како кетоконазол, итраконазол, еритромицин, кларитромицин, ритонавир и телитромицин може да резултира со значително зголемување на плазматската концентрација на dasatinib; како резултат на тоа, потребно е прилагодување на дозата, и тоа:
- 32mg дневно за пациентите кои земаат доза од 111mg дневно;
- 16mg дневно за пациентите кои земаат доза од 79mg дневно;
- 16mg дневно за пациентите кои земаат доза од 55mg дневно;
- Прекин на третманот за пациентите кои земаат доза од 48mg или 32mg дневно.
Индуктори на CYP450 3A4
- Истовремената употреба на dasatinib со индуктори на CYP450 3A4 како рифампицин, дексаметазон, фенитоин, фенобарбитал, карбамазепин или кантарион може да резултира со намалување на плазматската концентрација на dasatinib.
Н2-рецепторни антагонисти и инхибитори на протонска пумпа
- Истовремената употреба на dasatinib со хистаминергични Н2-рецепторни антагонисти или инхибитори на протонска пумпа може да резултира со намалување на плазматската концентрација на dasatinib.
Антациди
- Истовремената употреба на dasatinib со антациди кои содржат алуминиум хидроксид или магнезиум хидроксид може да резултира со намалување на плазматската концентрација на dasatinib.
Супстрати на CYP450 3А4
- Истовремената употреба на dasatinib со супстрати на CYP450 3A4 како симвастатин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на супстратите на CYP450 3A4.
Dasatinib може да има негативно влијание врз машката репродуктивност.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вртоглавица и заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.