Криптококен менингитис
Кокцидиоидомикоза
Мукозна кандидијаза
- Вклучително орофарингеална кандидијаза, езофагеална кандидијаза, кандидиурија и хронична мукокутана кандидијаза.
Хронична орална атрофична кандидијаза
- Стоматитис предизвикан од забни протези.
Дерматомикоза
- Вклучително tinea pedis, tinea corporis, tinea cruris, tinea versicolor и дермални инфекции предизвикани од Candida spp.
Tinea unguinium
Профилакса на релапс на криптококен менингитис
- Применливо кај пациенти со висок ризик од рекуренција.
Профилакса на релапс на орофарингеална или езофагеална кандидијаза
- Применливо кај пациенти инфицирани со ХИВ со зголемен ризик од релапс.
Профилакса на кандидијаза кај пациенти со продолжена неутропенија
Fluconazole е имидазол/триазол кој претставува високо-селективен инхибитор на фунгалниот ензим цитохром Р450 14-α-деметилаза – ензим кој учествува во конвертирање на ланостеролот во ергостерол. Ергостеролот е есенцијална компонента на мембраната на фунгалната клетка, па инхибицијата на неговата синтеза резултира со зголемување на пропустливоста на клеточната мембрана и доведува до лизирање на клетките.
Поради можност од појава на зашеметеност и спазми, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.