Bicalutamide претставува компетитивен антагонист на андрогените рецептори кој целосно ја инхибира активноста на андрогените од адренално и тестикуларно потекло кои го стимулираат растот на здравите и малигните простатични ткива.
Препорачана доза на bicalutamide e 50mg дневно. Со третманот се започнува најмалку 3 дена пред да се започне со третман со аналози на LHRH.
Употребата на bicalutamide e контраиндицирана кај жени.
Bicalutamide може да предизвика реверзибилна инфертилност.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.