Лек: Лендацин

  • ATC код:J01DD04
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:2000mg прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Бактериски менингитис
Вон-хоспитална пневмонија
Интрахоспитална пневмонија
Акутен otitis media
Интра-абдоминални инфекции
Комплицирани инфекции на уринарниот тракт, вклучувајќи и пиелонефритис
Инфекции на коските и зглобовите
Комплицирани инфекции на кожата и на меките ткива
Сифилис
Гонореја
Бактериски ендокардитис
Акутна егзацербација на хронична опструктивна пулмонарна болест
Третман на дисеминирана Лајмска борелиоза во рана фаза (фаза II) и доцна фаза (фаза III)
Преоперативна профилакса на хируршки инфекции
Третман на неутропенични пациенти со треска која се должи на бактериска инфекција
Бактериемија

Ceftriaxone е антибиотик од групата на цефалоспорини кој делува преку механизам на инхибиција на синтезата на бактерискиот клеточен ѕид преку активно врзување за еден или за повеќе пеницилин-врзувачки протеини, со што се инхибира последниот чекор од синтезата на пептидогликанот, кој е основна компонента на бактерискиот клеточен ѕид. Резултатот е создавање осмотски нестабилен клеточен ѕид и лиза на бактериската клетка.

Возрасни пациенти и педијатриски пациенти над 12-годишна возраст со телесна тежина ≥ 50kg

Табела 1. Прилагодување на дозата 

Индикација

Препорачана доза

Фреквенција на дозирање

Вонхоспитална пневмонија

1000 – 2000 mg

Еднаш дневно

Акутна егзацербација на хронична опструктивна пулмонарна болест

Интра-абдоминални инфекции

Комплицирани инфекции на уринарен тракт (вклучително и пиелонефритис)

Интрахоспитална пневмонија

2000mg

Еднаш дневно

Комплицирани инфекции на кожата и меките ткива

Инфекции на коските и зглобовите

Неутропенични пациенти со треска која се должи на бактериска инфекција

2000 – 4000 mg

Eднаш дневно

Бактериски ендокардитис

Бактериски менингитис

Aкyтен otitis media
  • Препорачана доза на ceftriaxone e 1000 - 2000 mg дневно, администрирана како единечна интрамускулна инјекција, во период од 3 последователни денови.
Преoперативна профилакса на хируршки инфекции
  • Препорачана доза на ceftriaxone e 2000 mg дневно, администрирана како единечна доза, непосредно пред операцијата.
Гoнopеја
  • Препорачана доза на ceftriaxone e 500 mg дневно, администрирана како единечна интрамускулна инјекција.
Cифилиc
  • Препорачана доза на ceftriaxone за третман на сифилис е 500 - 1000 mg дневно, додека за третман на невросифилис, дозата изнесува 2000mg дневно, во период од 10 - 14 дена.
Дисеминирана Лајмска борелиоза
  • Препорачана доза на ceftriaxone e 2000mg дневно, во период од 14 - 21 дена.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
Новороденчиња, доенчиња и деца на возраст од 15 дена до 12 години со телесна тежина < 50kg

Табела 2. Прилагодување на дозата 

Индикација

Препорачана доза

Фреквенција на дозирање

Интра-абдоминални инфекции

50 – 80 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Комплицирани инфекции на уринарен тракт (вклучително и пиелонефритис)

Вонхоспитална пневмонија

Интрахоспитална пневмонија

Комплицирани инфекции на кожата и меките ткива

50 – 100 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Инфекции на коските и зглобовите

Неутропенични пациенти со треска која се должи на бактериска инфекција

Бактериски менингитис

80 – 100 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Бактериски ендокардитис

100 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Акутен otitis media

50 mg/kg телесна тежина

Единечна интрамускулна инјекција / еднаш дневно, во тек на 3 дена

Преоперативна профилакса на инфекции на хируршки места

50 – 80 mg/kg телесна тежина

Единечна преоперативна доза

Сифилис

75 – 100 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно, во тек на 10 – 14 дена

Дисеминирана Лајмска борелиоза  

50 – 80 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно, во тек на 14 – 21 дена

Новороденчиња на возраст од 0 - 14 дена

Табела 3. Прилагодување на дозата 

Индикација

Препорачана доза

Фреквенција на дозирање

Интра-абдоминални инфекции

20 – 50 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Комплицирани инфекции на кожата и меките ткива

Комплицирани инфекции на уринарен тракт (вклучително и пиелонефритис)

Вонхоспитална пневмонија

Интрахоспитална пневмонија

Инфекции на коските и зглобовите

Неутропенични пациенти со треска која се должи на бактериска инфекција

Бактериски менингитис

50 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно

Бактериски ендокардитис

Акутен otitis media

50 mg/kg телесна тежина

Единечна интрамускулна доза, еднаш дневно

Преоперативна профилакса на инфекции на хируршки места

20 – 50 mg/kg телесна тежина

Единечна преоперативна доза

Сифилис

50 mg/kg телесна тежина

Еднаш дневно, во тек на 10 – 14 дена

Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
  • Препорачана максимална доза на ceftriaxone кај пациенти со тешко ренално оштетување е 2000mg дневно.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување. 
  • Хиперсензитивност кон ceftriaxone
  • Историја на тешка хиперсензитивна реакција или анафилакса кон пеницилини, монобактами или карбапенеми;
  • Предвремено родени новороденчиња до пост-менструална возраст од 41 недела; 
  • Новороденчиња со хипербилирубинемија, иктерус или хипоалбуминемија или ацидоза; 
  • Новороденчиња кои имаат потреба од интравенска администрација на калциум или инфузии кои содржат калциум; 
  • Лица со потенцијален ризик од развој на билирубинемична енцефалопатија; 
  • Интравенска администрација на раствори кои содржат лидокаин. 
Раствори кои содржат калциум
  • Истовремената употреба на ceftriaxone со раствори за интравенска употреба кои содржат калциум може да резултира со формирање на калциумови преципитати.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ceftriaxone со орални антикоагуланси може да го зголеми ризикот од појава на хеморагија.
Аминогликозиди
  • Истовремената употреба на ceftriaxone со аминогликозиди може да го зголеми ризикот од појава на ренална токсичност.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ceftriaxone за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ceftriaxone.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Еозинофилија, леукопенија, тромбоцитопенија, дијареа, зголемени серумски нивоа на хепаталните ензими, осип.
Помалку чести
  • Генитални фунгални инфекции, гранулоцитопенија, анемија, коагулопатија, главоболка, вртоглавица, наузеа, вомитус, пруритус, флебитис, болка на местото на инјектирање, пирексија, зголемување на серумските нивоа на креатинин.
Ретки
  • Псевдомембранозен колитис, енцефалопатија, бронхоспазам, уртикарија, хематурија, гликозурија, едем, морници.
Многу ретки

/

Непознато
  • Суперинфекција, хемолитичка анемија, агранулоцитоза, анафилактичен шок / анафилактичка реакција, анафилактоидни реакции, хиперсензитивност, Jarisch-Herxheimer-ова реакција, конвулзии, вртоглавица, панкреатитис, стоматитис, глоситис, приципитати во билијарното кесе, керниктерус, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, еритема мултиформе, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, реакција на лек со еозинофилија и системски симптоми, олигурија, ренални преципитати, лажно-позитивен Coombs-ов тест, лажно-позитивен тест за галактоземија, лажно-позитивни неензимски тестови за определување на гликемија.
Симптоми
  • Наузеа, вомитус, дијареа. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01DD04
Генерично име:ceftriaxone
Латинично име:Ceftriaxone powder for solution for injection and infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2000mg прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:SANDOZ GmbH, Кундл, Австрија
cholera vaccine, live
Сериозна
cyclosporine
Умерена
dicumarol
Умерена
edetate calcium disodium
Сериозна
estradiol
Умерена
estropipate
Умерена
ethacrynic acid
Умерена
ethinyl estradiol
Умерена
fecal microbiota spores, live
Сериозна
fecal microbiota, live
Умерена
furosemide
Умерена
gentamicin
Умерена
indium oxyquinoline in-111
Умерена
intravenous electrolyte solution
Сериозна
kanamycin
Умерена
lansoprazole
Умерена
leucovorin
Сериозна
levoleucovorin
Сериозна
mycophenolate mofetil
Сериозна
mycophenolic acid
Сериозна
neomycin
Умерена
netilmicin
Умерена
parenteral nutrition solution w/electrolytes
Сериозна
pentetate calcium trisodium
Сериозна
plazomicin
Умерена
streptomycin
Умерена
tobramycin
Умерена
torsemide
Умерена
typhoid vaccine, live
Сериозна
verapamil
Умерена
warfarin
Умерена
amikacin
Умерена
amikacin liposome
Умерена
anisindione
Умерена
bcg
Сериозна
bumetanide
Умерена
calcium chloride
Сериозна
calcium gluceptate
Сериозна
calcium gluconate
Сериозна
calcium saccharate
Сериозна
chloramphenicol
Умерена