Semaglutide e GLP-1-аналог со 94% секвенциона хомологност со хуманиот GLP-1. Semaglutide се однесува како GLP-1-рецепторен агонист кој селективно се врзува и го активира GLP-1-рецепторот, кој е целно место за нативниот GLP-1. Semaglutide ги намалува серумските нивоа на глукоза на глукозно-зависен начин, стимулирајќи секреција на инсулин и намалувајќи ја секрецијата на глукагон кога нивото на глукозата во крвта е високо. Механизмот на намалување на серумските нивоа на глукоза исто така вклучува минорно одложување на желудочното празнење во раната постпрандијална фаза. Во услови на хипогликемија, semaglutide ја намалува секрецијата на инсулинот, но не ја нарушува секрецијата на глукагон.
Почетна доза на semaglutide e 0,25mg, еднаш неделно. По 4 недели, дозата треба да се зголеми на 0,5mg, еднаш неделно. По најмалку 4 недели со доза од 0,5mg еднаш неделно, дозата може да се зголеми до 1mg еднаш неделно, со цел понатамошно подобрување на гликемиската контрола.
0,25mg semaglutide не е доза на одржување; не се препорачуваат неделни дози поголеми од 1mg.
Кога semaglutide се додава на постоечка терапија со метформин и/или тиазолидиндион, тековната доза на метформин и/или тиазолидиндион може да остане непроменета.
Кога semaglutide се додава на постоечка терапија со сулфанилуреа или инсулин, треба да се земе предвид намалувањето на дозата на сулфанилуреа или инсулинот, со цел намалување на ризикот од појава на хипогликемија.
Semaglutide се администрира еднаш неделно, во било кој дел од денот, со или без храна. Денот од неделата кога се зема лекот по потреба може да се промени, сé додека времето помеѓу две дози е најмалку 3 дена (> 72 часа). Semaglutide се инјектира супкутано, во пределот на абдоменот, натколеницата или надлактицата. Местото на инјектирање е флексибилно. Semaglutide не треба да се администрира интравенски или интрамускулно.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно, умерено или тешко ренално нарушување;
- Не се препорачува употреба на semaglutide кај пациенти со ренална инсуфициенција во краен стадиум.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
- Не се препорачува употреба на semaglutide кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Во случај на предозирање, потребно е да се примени соодветен супортивен симптоматски третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.