Semaglutide e GLP-1-аналог со 94% секвенциона хомологност со хуманиот GLP-1. Semaglutide се однесува како GLP-1-рецепторен агонист кој селективно се врзува и го активира GLP-1-рецепторот, кој е целно место за нативниот GLP-1. Semaglutide ги намалува серумските нивоа на глукоза на глукозно-зависен начин, стимулирајќи секреција на инсулин и намалувајќи ја секрецијата на глукагон кога нивото на глукозата во крвта е високо. Механизмот на намалување на серумските нивоа на глукоза исто така вклучува минорно одложување на желудочното празнење во раната постпрандијална фаза. Во услови на хипогликемија, semaglutide ја намалува секрецијата на инсулинот, но не ја нарушува секрецијата на глукагон.
Почетна доза на semaglutide е 3mg, еднаш дневно, во тек на еден месец. После еден месец, дозата треба да се зголеми до дозата на одржување од 7mg еднаш дневно. После најмалку еден месец со доза од 7mg еднаш дневно, дозата може да се зголеми до доза на одржување од 14mg еднаш дневно, со цел понатамошно подобрување на гликемиската контрола.
Максималната препорачана единечна дневна доза на semaglutide е 14mg. Не се препорачува земање на две таблети од 7mg со цел да се постигне ефект на доза од 14mg.
Кога semaglutide се додава на постоечка терапија со метформин и/или тиазолидиндион, тековната доза на метформин и/или тиазолидиндион може да остане непроменета.
Кога semaglutide се додава на постоечка терапија со сулфанилуреа или инсулин, треба да се земе предвид намалувањето на дозата на сулфанилуреа или инсулинот, со цел намалување на ризикот од појава на хипогликемија.
Посебни популацииПовозрасни пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно, умерено или тешко ренално нарушување;
- Не се препорачува употреба на semaglutide кај пациенти со ренална инсуфициенција во краен стадиум.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
- Не се препорачува употреба на semaglutide кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Semaglutide се зема на празен стомак, во било кој период од денот. Пациентите треба да чекаат најмалку 30 минути пред оброк или консумирање на течност или земање на друг орален медицински агенс, бидејќи во спротивно се намалува апсорпцијата на semaglutide.
Во случај на предозирање, потребно е да се примени соодветен супортивен симптоматски третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.