Површински тромбофлебитис
- Применливо како адјувантна терапија.
Олеснување на симптомите на површински модринки и хематоми
Heparin реверзибилно се врзува за антитромбин III и притоа предизвикува моментална инактивација на факторите на коагулација IIa и Xa; формираниот комплекс heparin-антитромбин III може исто така да ги инактивира фактор IX, XI, XII и плазмин. Антитромботичниот ефект на heparin се должи главно на неговата способност да превенира понатамошна коагулација на крвта, но не ги разградува веќе-формираните коагулуми.
Гелот се нанесува во тенок слој со нежно масирање на кожата на засегнатата анатомска регија, еднаш до трипати дневно.
Во случај на тромбоза или тромбофлебитис, гелот се нанесува на кожата во тенок слој, без масирање.
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.