Ослободување од симптоми на чешање, печење и појава на исцедок предизвикани од бактериска инфекција во вагиналното подрачје
Вагиналниот апликатор се вметнува длабоко во вагината, на првиот ден од третманот наутро и навечер, а потоа само еднаш дневно, навечер.
За секој третман, спреј-пумпата од апликаторот се притиска 10 пати, последователно.
Времетраењето на третманот е 7 дена.
По употреба, надворешната површина на апликаторот се пребришува и спреј-пумпата се притиска еднаш, со апликаторот насочен надолу. Непосредно пред следната употреба, спреј-пумпата се притиска еднаш или двапати, со апликаторот насочен надолу.
Со цел спречување на реинфекција, потребно е во третманот да се вклучи и партнерот на пациентката; по отстранување на апликаторот од шишето, да се стави спреј-пумпата од шишето и да се испрскаат машките гениталии, сé додека не се постигне нивно целосно препокривање со растворот.
Во случај на локално предозирање, засегнатите анатомски регии на кожата треба обилно да се испираат со Рингеров раствор.
Во случај на проголтување на големи количини од растворот, може да дојде до иритација на слузокожата на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.