Vildagliptin
- Vildagliptin претставува инхибитор на дипептидил пептидаза 4 (DPP-4) кој се користи за третман на дијабетес мелитус тип II. Со инхибиција на дипептидил пептидазата 4 се забавува DPP-4-посредуваната инактивација на инкретините, како што се GLP-1 и GIP; редуцираната инхибиција на инкретините ја зголемува синтезата на инсулинот и го намалува ослободувањето на глукагон, зависно од нивоата на глукоза во крвта. Сето ова резултира со зголемена регулација на нивото на глукоза во крвта и со редукција на серумските нивоа на гликозилиран хемоглобин (HbA1c).
MetforminMetformin е бигванид со антихипергликемичен ефект, кој ја снижува и базалната и постпрандијалната глукоза во плазмата. Не стимулира секреција на инсулин и затоа не предизвикува хипогликемија. Metformin може да делува преку три механизми:
- Намалување на создавањето на глукоза во хепарот преку механизам на инхибиција на глуконеогенезата и глукогенолизата;
- Дејство на ниво на мускулите преку зголемување на инсулинската сензитивност, со подобрување на периферното преземање и искористување на глукозата;
- Одложување на интестиналната апсорпција на глукозата.
Metformin ја стимулира интрацелуларната синтеза на гликоген, делувајќи на гликоген синтетазата. Тој исто така го зголемува транспортниот капацитет на сите типови на мембрански глукозни транспортери кои се досега познати.
По ингестија, метформинот е преземен од страна на хепатоцитите преку органскиот катјонски транспортер тип 1 (OCT-1), по што метформинот се акумулира во митохондриите. Метформинот го инхибира митохондријалниот комплекс I, со што се спречува продукција на митохондријален ATP и како резултат на тоа доаѓа до зголемување на концентрацијата на ADP и AMP во интрацелуларниот простор. Oвие промени ја активираат AMP-активираната протеинска киназа (AMPK) – ензим кој игра важна улога во регулацијата на метаболизмот на глукозата. Поради зголемениот AMP:ATP однос, доаѓа до инхибиција на ензимот фруктоза 1,6-бифосфатаза, како резултат на што се инхибира глуконеогенезата; дополнително, доаѓа до инхибиција на аденилат циклазата, како резултат на што се намалува продукцијата на цикличниот аденозин монофосфат (cAMP). Активираната AMPK врши фосфорилација на две изоформи на ацетил-CoA карбоксилаза, со што се инхибира синтезата на масти и се зголемува чувствителноста на хепарот кон инсулин.
Препорачана почетна доза на vildagliptin, metformin e 50mg / 850mg на секои 12 часа, односно наутро и навечер.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно ренално оштетување (GFR = 60 - 90 mL/min) и умерено ренално оштетување (GFR = 45 - 60 mL/min);
- Препорачана доза на vildagliptin, metformin кај пациенти со умерено ренално оштетување (GFR = 45 - 60 mL/min) е 50mg / 2000mg дневно;
- Препорачана доза на vildagliptin, metformin кај пациенти со умерено ренално оштетување (GFR = 30 - 45 mL/min) е 50mg / 1000mg дневно;
- Употребата на vildagliptin, metformin кај пациенти со сериозно ренално оштетување (GFR < 30 mL/min) e контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на vildagliptin, metformin кај педијатриски пациенти на возраст до 18 години.
Дигоксин
- Истовремената употреба на vildagliptin, metformin со дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
АКЕ-инхибитори
- Истовремената употреба на vildagliptin, metformin со АКЕ-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем.
Алкохол
- Постои зголемен ризик од лактатна ацидоза при интоксикација со алкохол, особено во случаи на гладување или неухранетост или хепатални нарушувања.
Контрастни средства со јод
- Vildagliptin, metformin мора да се прекине 48 часа пред процедурата на администрација на јодниот контраст или за време на истата и не треба да се продолжи со терапијата најмалку 48 часа по тестирањето, откако повторно ќе се процени реналната функција и ќе се потврди дека истата е стабилна.
Лекови кои негативно влијаат врз реналната функција
- Не се препорачува истовремена употреба на vildagliptin, metformin со лекови кои негативно влијаат врз реналната функција, како што се:
НСАИЛи
Селективни COX-2-инхибитори
АКЕ-инхибитори
Ангиотензин II рецепторни антагонисти
Диуретици (особено диуретици на Хенлеова петелка)
бидејќи истовремената употреба на vildagliptin, metformin со горенаведените групи на лекови може да го зголеми ризикот од појава на лактатна ацидоза.
Поради можност од појава на вртоглавица и сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.