Лек: Повидон Јод ХФ

  • ATC код:D08AG02
  • Компанија:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
  • Доза:10% раствор за кожа (PE шише со капалка х 100 ml/кутија)
Третман на примарни или секундарни локални бактериски, фунгални и вирусни инфекции
Третман на инфицирани хируршки лезии
Секундарно-инфицирани дерматози
Инфицирани трауматски лезии
Чистење на кожата / миење на рацете
  • Применливо против MRSA (метицилин-резистентна Staphylococcus aureus), птичји / свински грип, инфлуенца, SARS-CoV-2-инфекција, настинки (риновируси, коронавируси) и против ебола.
Одржување на лична хигиена против болнички и вонболнички инфекции
Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата за хируршки интервенции, инјекции и аспирации
Дезинфекција на рани, спречување на инфекции при изгореници, инцизии и други локални лезии

Povidone-iodine претставува стабилен хемиски комплекс на поливинилпиролидон и елементарен јод, кој се користи како антибактериски агенс за топикална примена. Микробицидното дејство се должи на слободниот јод, кој, кога се ослободува од комплексот со поливинилпиролидон, пенетрира низ клеточниот ѕид на микроорганизмите и го манифестира леталниот ефект преку механизам на дисрупција на синтезата и структурата на протеините и нуклеинските киселини. Дополнително, povidone-iodine врши дисрупција, односно денатурациј и инактивација на функцијата на цитосолните ензими кои се вклучени во респираторниот ланец. На крај, povidone-iodine го инхибира ослободувањето на проинфламаторните медијатори како тумор-некротизирачки фактор α- и β-галактозидаза и ја инхибира продукцијата на металопротеиназата.

Povidone-iodine се администрира директно на заболеното место, по потреба, а потоа се остава да се исуши 2 - 3 минути.

  • Хиперсензитивност кон povidone-iodine
  • Херпетиформен дерматитис; 
  • Нарушена функција на тироидната жлезда; 
  • Пред, за време на- или по примена на радиојод; 
  • Истовремена употреба на препарати кои содржат жива; 
  • Педијатриски пациенти на возраст под 1 година.
Бензоична тинктура
  • Истовремената употреба на povidone-iodine со бензоична тинктура може да резултира со намалување на рН-вредноста на кожата и може да предизвика чувство на печење на местото на апликација, особено доколку раната има преврска.
Топикални препарати кои содржат ензимски компоненти
  • Истовремената употреба на povidone-iodine со други топикални препарати кои содржат ензимски компоненти може да резултира со двоен антагонизам.
Препарати кои содржат хлорхексидин, хидроген пероксид, тауролидин, сребро сулфадиазин, алкалии и жива
  • Истовремената употреба на povidone-iodine со препарати кои содржат хлорхексидин, хидроген пероксид, тауролидин, сребро сулфадиазин, алкалии и жива може да резултира со взаемна интеракција и последователна инактивација.
Антисептици кои содржат октенидин
  • Истовремената употреба на povidone-iodine со топикални препарати на антисептици кои содржат октенидин може да резултира со појава на минливи темни дамки на местото на апликација.
Литиум
  • Истовремената употреба на povidone-iodine со литиум може да резултира со синергистички хипотироиден ефект.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на povidone-iodine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со povidone-iodine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки
  • Хиперсензитивност, контактен дерматитис проследен со еритем, пруритус и мали пликови.
Многу ретки
  • Ангиоедем, хипертироидизам кој се манифестира со тахикардија и вознемиреност, анафилактичка реакција.
Непознато
  • Хипотироидизам, електролитен дисбаланс, метаболна ацидоза, промена на бојата на кожата, акутна ренална инсуфициенција, абнормална осмоларност на крвта, хемиски изгореници на кожата.
Симптоми
  • Абдоминални симптоми, анурија, циркулаторен колапс, пулмонален едем, метаболни абнормалности, нарушување на реналната функција (вклучувајќи и анурија), тахикардија, хипотензија, циркулаторна инсуфициенција, едем на глотисот со последователна асфиксија или пулмонален едем, напади, треска, метаболна ацидоза, хипо- или хипертироидизам. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Интравенска администрација на течности во случај на тешка хипотензија; 
  • Ендотрахеална интубација во случај на горно-респираторен едем; 
  • Гастрична лаважа со скробен раствор преку назогастрична сонда; 
  • Хемодијализа.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:D08AG02
Генерично име:povidone-iodine
Латинично име:Povidone-iodine skin solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10% раствор за кожа (PE шише со капалка х 100 ml/кутија)
Производител:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
Носител на одобрение:HEMOFARM A.D., Вршац, Србија