Лек: Итанем

  • ATC код:J01DH02
  • Компанија:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
  • Доза:1000mg прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Тешка пневмонија
  • Вклучително и болничка пневмонија и вентилатор-асоцирана пневмонија.
Бронхо-пулмонарни инфекции при цистична фиброза
Комплицирани инфекции на уринарен тракт
Комплицирани интраабдоминални инфекции
Интра- и постпартум инфекции
Комплицирани инфекции на кожата и на меките ткива
Акутен бактериски менингитис

Meropenem претставува антимикробен агенс кој ја инхибира синтезата на бактерискиот клеточен ѕид преку механизам на врзување за пеницилин-врзувачките протеини, со што се спречува инкорпорирањето на пептидогликанот во структурата на бактерискиот клеточен ѕид и на тој начин се добива клетка која е онеспособена за преживување. 

Препорачана вообичаена доза на meropenem кај возрасни пациенти и адолесценти е 2g на секои 8 часа. 

Препорачана вообичаена доза на meropenem кај педијатриски пациенти е 40 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа.

Прилагодување на дозата

Табела 1. Прилагодување на дозата 

Инфекција

Препорачана доза

Тешка пневмонија (интрахоспитална и вентилатор-асоцирана пневмонија)

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Бронхо-пулмонарни инфекции при цистична фиброза

2000mg на секои 8 часа

Комплицирани инфекции на уринарен тракт

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Комплицирани интраабдоминални инфекции

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Интра- и постпартум инфекции

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Комплицирани инфекции на кожата и меките ткива

500 – 1000 mg на секои 8 часа

Акутен бактериски менингитис

2000mg на секои 8 часа

Фебрилна неутропенија

1000mg на секои 8 часа

  • Meropenem се администрира во облик на интравенска инфузија, во времетраење од 15 - 30 минути; алтернативно, дозите од 1000mg може да се администрираат во облик на болус интравенска инјекција, во времетраење од околу 5 минути.
Посебни популации
Пациенти со ренално оштетување

Табела 3. Прилагодување на дозата 

Креатинин клиренс (mL/min)

Доза (500mg, 1000mg или 2000mg)

Фреквенција

26 – 50

Една единечна доза

На 12 часа

10 – 25

½ единечна доза

На 12 часа

< 10

½ единечна доза

На 12 часа

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација

Табела 2. Прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти на возраст од 3 месеци до 11 години, со телесна тежина > 50kg 

Инфекција

Препорачана доза

Тешка пневмонија (интрахоспитална и вентилатор-асоцирана пневмонија)

10 – 20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Бронхо-пулмонарни инфекции при цистична фиброза

40 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Комплицирани инфекции на уринарен тракт

10 – 20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Комплицирани интраабдоминални инфекции

10 – 20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Интра- и постпартум инфекции

10 – 20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Комплицирани инфекции на кожата и меките ткива

10 – 20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Акутен бактериски менингитис

40 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

Фебрилна неутропенија

20 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа

  • Хиперсензитивност кон meropenem
  • Хиперсензитивност кон други карбапенеми, пеницилини или цефалоспорини.
Пробенецид
  • Истовремената употреба на meropenem со пробенецид може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на meropenem.
Валпроична киселина
  • Истовремената употреба на meropenem со валпроична киселина може да резултира со намалување на плазматската концентрација на валпроичната киселина.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на meropenem со орални антикоагуланси може да резултира со пролонгирање на протромбинското време и да го зголеми ризикот од појава на хеморагија. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на meropenem за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со meropenem.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Инфламација, болка, осип, пруритус, хипертрансаминазиемија, зголемување на серумските нивоа на алкална фосфатаза и лактат дехидрогеназа, дијареа, абдоминална болка, вомитус, наузеа, главоболка, тромбоцитопенија.
Помалку чести
  • Орална и вагинална кандидијаза, агранулоцитоза, хемолитичка анемија, тромбоцитопенија, неутропенија, леукопенија, еозинофилија, ангиоедем, анафилакса, парестезија, колитис, хипербилирубинемија, токсична епидермална некролиза, Stevens-Johnson-ов синдром, еритема мултиформе, уртикарија, зголемени серумски нивоа на креатинин, хиперурикемија, тромбофлебитис, болка на местото на инјектирање.
Ретки
  • Конвулзии, делириум.
Многу ретки

/

Непознато
  • Реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза.
Симптоми
  • Симптомите на интоксикација одговараат на профилот на несакани ефекти на лекот.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман. 

Поради можност од појава на главоболка, парестезии и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01DH02
Генерично име:meropenem
Латинично име:Meropenem powder for solution for injection or infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1000mg прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Производител:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
Носител на одобрение:GALENIKA AD, Белград, Србија