Третман на знаци и симптоми на идиопатска Паркинсонова болест
Pramipexole претставува не-ерготски агонист на допаминергичните рецептори, со особено голем афинитет кон допаминергичните D2 рецептори, кој се користи за третман на Паркинсонова болест.
Препорачана почетна доза на pramipexole e 0,26mg дневно, со можност за зголемување на дозата на секои 5 - 7 дена.
Табела 1. Прилагодување на дозата
Недела
|
Дневна доза (mg)
|
1
|
0,26
|
2
|
0,52
|
3
|
1,05
|
Индивидуалната доза на одржување на pramipexole се движи од 0,26 - 3,15 mg.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Кај пациенти со креатинин клиренс од 30 - 50 mL/min, препорачана почетна доза на pramipexole e 0,26mg, администрирана на секои втор ден, со можност за постепено зголемување на дозата;
- Не се препорачува употреба на pramipexole кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради појава на халуцинации и сомноленција, не се препорачува возење или управување со машини за време на спроведување на терапија со pramipexole.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.