Лек: Сумилар

  • ATC код:C09BB07
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:5mg / 5mg тврди капсули
Хипертензија
Ramipril
  • Ramipril претставува АКЕ-инхибитор, односно инхибитор на активноста на ензимот ангиотензин конвертаза - ензим кој учествува во конвертирањето на ангиотензин I во ангиотензин II. АКЕ-инхибицијата резултира со намалување на серумските нивоа на ангиотензин II, а со тоа доаѓа до зголемување на ренинската активност (преку инхибиција на негативната повратна спрега на ослободување на ренин и на секрецијата на алдостерон). Ова води до манифестација на антихипертензивен ефект. 
Amlodipine
  • Amlodipine претставува периферен артериски вазодилататор, блокатор на калциумови канали од групата на 1,4-дихидропиридини, кој делува директно на васкуларната мазна мускулатура, преку механизам на инхибиција на инфлукс на калциумовите јони во клетките на васкуларната мускулатура и кардијалната мускулатура, врзувајќи се за дихидропиридинските и не-дихидропиридинските резидуи на клеточните мембрани. 

Препорачаната дневна доза е една капсула од соодветната јачина.

Посебни популации
Пациенти со хепатално оштетување
  • Употребата на ramipri, amlodipine е контраиндицирана. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Пациенти со креатинин клиренс ≥ 60 mL/min - не е потребно прилагодување на дозата; 
  • Пациенти со креатинин клиренс од 30 - 60 mL/min - препорачана дневна доза на ramipril, amlodipine e 5mg + 10mg, соодветно; 
  • Пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min - употребата на ramipril, amlodipine e контраиндицирана; 
  • Пациенти на хемодијализа - препорачана дневна доза на ramipril, amlodipine e  5mg + 10mg, соодветно, администрирана неколку часа по хемодијализата. 
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на ramipril, amlodipine кај педијатриски пациенти. 
  • Хиперсензитивност кон ramipril
  • Хиперсензитивност кон amlodipine
  • Ангиоедем во анамнеза; 
  • Шок (вклучувајќи и кардиоген); 
  • Бременост и доење; 
  • Екстракорпорален третман; 
  • Значајна билатерална стеноза; 
  • Тешко ренално оштетување; 
  • Пациенти со хипотензивни или хемодинамски нестабилни состојби; 
  • Рефракторна хипокалиемија, хипонатриемија, хиперкалциемија или симптоматска хиперурикемија;
  • Опструкција на левиот вентрикуларен тракт (стеноза на аорта од висок степен); 
  • Истовремена употреба на сакубитрил / валсартан; 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус и нарушена ренална функција.
Литиум
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со соли на литиум може да резултира со намалување на реналната екскреција на литиум и последователна манифестација на неговите токсични ефекти. 
Дијализа или хемодијализа со мембрани со висок проток
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со екстракорпорални третмани како дијализа или хемодијализа со мембрани со висок проток може да резултира со манифестација на анафилактички или анафилактоидни реакции. 
Сакубитрил / валсартан
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со сакубитрил или валсартан може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем. 
НСАИЛи и ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со НСАИЛи и ацетилсалицилна киселина може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект. 
Диуретици кои штедат калиум, суплементи на калиум или калиумови соли
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со диуретици кои штедат калиум, суплементи на калиум или калиумови соли може да резултира со хиперкалиемија. 
Циклоспорин
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со циклоспорин може да резултира со хиперкалиемија. 
Хепарин
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со хепарин може да резултира со хиперкалиемија. 
Нитрати, трициклични антидепресиви, анестетици, алкохол, баклофен, алфузосин, доксазосин, теразосин, празосин, тамсулосин
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со нитрати, трициклични антидепресиви, анестетици, алкохол, баклофен, алфузосин, доксазосин, празосин, тамсулосин или теразосин може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект. 
Вазопресорни симпатомиметици
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со вазопресорни симпатомиметици и други лекови, како изопротеренол, добутамин, допамин или епинефрин може да резултира со намалување на ефектот на вазопресорните симпатомиметици. 
Алопуринол, имуносупресиви, кортикостероиди, прокаинамид, цитостатици
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со алопуринол, имуносупресиви, кортикостероиди, прокаинамид или цитостатици може да резултира со појава на хематолошки реакции. 
Антидијабетици
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со антидијабетици може да резултира со потенцирање на хипогликемискиот ефект на антидијабетиците. 
Рацекадотрил, mTOR-инхибитори, вилдаглиптин
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со инхибитори на неприлизин (на пр. рацекадотрил), mTOR-инхибитори или вилдаглиптин може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем, 
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со инхибитори на CYP450 3A4, како што се протеаза-инхибитори, антифунгални агенси и макролиди (на пр. еритромицин) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amlodipine.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со индуктори на CYP450 3A4, како кантарион и рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на amlodipine
Дантролен
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со дантролен може да го зголеми ризикот од појава на вентрикуларна фибрилација. 
Симвастатин
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со симвастатин може да резултира со зголемување на биорасположливоста на симвастатин. 
Такролимус
  • Истовремена употреба на ramipril, amlodipine со такролимус може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на такролимус. 
Гликозиди на дигиталис и антиаритмици
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со дигиталисови гликозиди или антиаритмици може да резултира со манифестација на проаритмичен ефект и пролонгирање на QT-интервалот. 
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со орални антикоагуланси може да резултира со намалување на антикоагулантниот ефект на оралните антикоагуланси. 
Карбамазепин
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со карбамазепин може да го зголеми ризикот од појава на хипонатриемија. 
Контрастни средства кои содржат јод
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со контрастни средства кои содржат јод може да резултира со дехидратација. 
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на ramipril, amlodipine со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amlodipine и потенцирање на неговиот антихипертензивен ефект. 
Бременост
  • Употребата на ramipril, amlodipine за време на бременост е контраиндицирана. 
Доење
  • Употребата на ramipril, amlodipine за време на доење е контраиндицирана. 

Нема податоци.

Многу чести
  • Хипокалиемија, хиперлипидемија.
Чести
  • Хиперкалиемија, хиперурикемија, хипомагнезиемија, хипонатриемија, главоболка, вертиго, поспаност, пречки во видот, палпитации, хипотензија, ортостатска хипотензија, синкопа, црвенило со чувство на топлина, сува надразнувачка кашлица, бронхитис, синуситис, диспнеја, гастроинтестинално воспаление, малдигестија, абдоминална непријатност, диспепсија, дијареа, наузеа, вомитус, абдоминална болка, губиток на апетитот, осип, уртикарија, болка во ммускулите, импотенција, болка во градите, замор.
Помалку чести
  • Еозинофилија, анорексија, намалување на апетитот, депресивно расположение, анксиозност, нервоза, немир, нарушување на сонот, поспаност, инсомнија, промена на расположението, вертиго, парестезија, агеузија, тремор, синкопа, парестезија, заматен вид, тинитус, миокардна исхемија, ангина пекторис, инферкт, тахикардија, аритмија, палпитации, периферен едем, аритмија, хипотензија, црвенило со чувство на топлина, некротизирачки ангинитис, кашлица, ринитис, бронхоспазам, назална конгестија, панкреатитис, покачување на серумските нивоа на панкреатичните ензими, сува уста, вомитус, покачување на серумските нивоа на хепаталните ензими, хипербилирубинемија, ангиоедем, хиперхидроза, алопеција, промена на бојата на кожата, осип, болка во зглобовите, болка во мускулите, болка во грбот, грчеви на мускулите, нарушување на мокрењето, ноктурија, често мокрење, нарушување на реналната функција, покачување на нивоата на уреа во крвта, покачување на нивото на креатинин во крвта, гликозурија, ренална дисфункција, ренална слабост, гинекомастија, обезност, намалување на телесната тежина.
Ретки
  • Леукопенија, еритропенија, намалување на вредностите на хемоглобинот, тромбоцитопенија, реакции на хиперсензитивност, хиперкалциемија, хипергликемија, влошување на метаболички дијабетес, чувство на збунетост, збунетост, депресија, нарушување на сонот, тремор, нарушување на рамнотежата, главоболка, вртоглавица, парестезија, конјунктивитис, нарушување на слухот, тинитус, аритмија, васкуларна стеноза, хипоперфузија, васкулитис, глоситис, абдоминална непријатност, констипација, холестатска жолтица, хепатално оштетување, дерматитис, уртикарија, реакции на фтосензитивност.
Многу ретки
  • Леукопенија, тромбоцитопенија, депресија на коскената срцевина, агранулоцитоза, хемолитиччка анемија, алергиски реакции, хипергликемија, алкалоза, хипертонија, периферна невропатија, инфаркт, васкулитис, респираторен дистрес синдром, панкреатитис, гастритис, хиперплазија на гинигвата, Stevens-Johnson-ов синдром.
Непознато
  • Слабост, не-меланомски карцином на кожа, епидермална некролиза, еритема мултиформе, псоријаза, дерматитис, акутна хепатална слабост, цитолитичен хепатитис, афтозен стоматитис, феноменот на Рејно, хороидална ефузија, актна миопија, глауком, церебрална исхемија, транзиторен исхемичен напад, психомоторни нарушувања, чувство на печење, есктрапирамидални нарушувања, нарушување на вниманието, синдром на несоодветно излачување на антидиуретичен хормон, хемолитичка анемија.
Симптоми
  • Хипотензија, шок, брадикардија и акутна уринарна ретенција. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен; 
  • Во случај на предозирање, може да се пристапи кон ординирање на активен јаглен и примена на гастрична лаважа; 
  • Во случај на тешка брадикардија, се препорачува администрација на атропин. 

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09BB07
Генерично име:ramipril, amlodipine
Латинично име:Ramipril, amlodipine hard capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5mg / 5mg тврди капсули
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK Pharmaceuticals d.d.-, Љубљана, Словенија, ADAMED PHARMA S.A., Пабианице, Полска, Adamed Pharma S.A., Ксаверов, Полска