Антисептик за кожа, слузокожа и рани
Повторлив краткотраен антисептичен третман на слузокожа и околната кожа пред дијагностички и хируршки постапки
- Во аногениталната регија на вагина, вулва и гланс пенис, пред катетеризација на мочниот меур;
- Во усната празнина.
Краткотрајна дополнителна терапија на интердигитални габични инфекции и дополнителна антисептична терапија на рани
Растворот е наменет исклучително за локална употреба и не смее да се внесува во ткиво (на пр. со употреба на шприц). Растворот се нанесува на површината која треба да се третира, обезбедувајќи целосна препокриеност со растворот.
Површината која треба да се третира се пребришува со најмалку 2 тупфери натопени со растворот, еден после друг, со што ќе се обезбеди целосна навлажнетост. Алтернативно, на тешко достапните површини, растворот може да се испрска.
После аплицирањето, треба да се обрне внимание на контактното време од најмалку 1 до 2 минути пред да се продолжи со понатамошните постапки.
Испирање на устата
- Применливо во случај кога треба да се третира целата усна празнина; за таа намена, се употребуваат 20mL од растворот во период од 20 секунди.
Краткотрајна дополнителна терапија на интердигитални габични инфекции
- Инфицираните површини да се испрскаат наутро и навечер.
Во случај на локално предозирање, засегнатите анатомски регии на кожата треба обилно да се испираат со Рингеров раствор.
Во случај на проголтување на големи количини од растворот, може да дојде до иритација на слузокожата на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.