Лек: Панклав

  • ATC код:J01CR02
  • Компанија:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
  • Доза:250mg / 125mg филм-обложени таблети (15 филм-обложени таблети во стаклен контејнер/кутија)
Акутен бактериски синуситис
Акутен otitis media
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Вонболнички-стекната пневмонија
Циститис
Пиелонефритис
Инфекции на кожата и меките ткива
  • Применливо при целулитис, каснување од животно и/или тежок дентален апсцес со опсежен целулитис.
Инфекции на коските и зглобовите
  • Применливо при остеомиелитис.
Amoxicillin
  • Amoxicillin претставува семи-синтетски β-лактамски антибиотик кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини (PBP1) и други високо-молекуларни пеницилин-врзувачки протеини кои се одговорни за реакциите на гликозилтрансфераза и транспептидаза кои водат до вкрстено поврзување на D-aланин и D-аспартска киселина на ниво на бактерискиот клеточен ѕид, во рамки на процесот на синтеза на пептидогликанот. Со инхибиција на активноста на пеницилин-врзувачките протеини, се активираат автолитичките ензими кои ја оневозможуваат синтезата на бактерискиот клеточен ѕид, како и неговото обновување, како резултат на што доаѓа до клеточна лиза и апоптоза, односно се манифестира бактерицидното дејство на amoxicillin
Clavulanic acid
  • Clavulanic acid претставува β-лактамски антибиотик која делува преку механизам на иреверзибилно врзување за β-лактамазите, со што спречува истите да ги деградираат β-лактамските антибиотици кои се сензитивни на β-лактамазите. 

Препорачана доза на amoxicillin, clavulanic acid кај возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина 40kg e 1750mg  amoxicillin / 250mg clavulanic acid, поделена во 2 поединечни дози (на 12 часа), односно 2625mg amoxicillin / 375mg clavulanic acid, поделена во 3 поединечни дози (на 8 часа), администрирани за време на оброк. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
Педијатриски пациенти со телесна тежина ≤ 40kg
  • Препорачана дневна доза на amoxicillin, clavulanic acid e 25mg / 3,6 mg/kg телесна тежина до 45mg / 6,4 mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 2 поединечни дози (на секои 12 часа).
Otitis media, синуситис, инфекции на долен респираторен тракт
  • Препорачана доза на amoxicillin, clavulanic acid e 70mg / 10mg/kg телесна тежина дневно, поделена во 2 поединечни дози (на 12 часа).
Педијатриски пациенти со телесна тежина ≤ 40kg

Табела 1. Прилагодување на дозата 

Teлесна тежина (kg)

40

35

30

25

Препорачана поединечна доза (mg/kg)

Amoxicillin (mg/kg) по еднократна доза

21,9

25,0

29,2

35,0

12,5 – 22,5 (до 35)

Clavulanic acid (mg/kg) по еднократна доза

3,1

3,6

4,2

5,0

1,8 – 3,2 (до 5)

Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс > 30 mL/min; 
  • Не се препорачува употреба на amoxicillin, clavulanic acid кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон amoxicillin
  • Хиперсензитивност кон clavulanic acid
  • Хиперсензитивност кон други β-лактамски антибиотици; 
  • Историја на иктерус / хепатално нарушување предизвикано од amoxicillin, clavulanic acid.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на amoxicillin, clavulanic acid со орални антикоагуланси може да го пролонгира протромбинското време, односно да го зголеми ризикот од хеморагија.
Метротрексат
  • Истовремената употреба на amoxicillin, clavulanic acid со метотрексат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на метотрексат и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Пробенецид
  • Истовремената употреба на amoxicillin, clavulanic acid со пробенецид може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amoxicillin.
Микофенолат мофетил
  • Истовремената употреба на amoxicillin, clavulanic acid со микофенолат мофетил може да резултира со намалување на плазматската концентрација на микофенолната киселина.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на amoxicillin, clavulanic acid за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со amoxicillin, clavulanic acid.

Нема податоци.

Многу чести
  • Дијареа.
Чести
  • Мукокутана кандидијаза, наузеа, вомитус.
Помалку чести
  • Вертиго, главоболка, зголемени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, кожен осип, пруритус, уртикарија. 
Ретки
  • Реверзибилна леукопенија (вклучувајќи неутропенија), тромбоцитопенија, еритема мултиформе.
Непознато
  • Реверзибилна агранулоцитоза, хемолитичка анемија, продолжено време на крварење и протромбинско време, ангионевротски едем, анафилакса, синдром сличен на серумска болест, хиперсензитивен васкулитис, реверзибилна хиперактивност, ковулзии, колитис асоциран со употреба на антибиотици, црн влакнест јазик, хепатитис, холестатска жолтица, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, булозен ексфолиативен дерматитис, акутна генерализирана егзентематозна пустулоза (AGEP), реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми (DRESS), интерстицијален нефритис, кристалурија.
Многу ретки

/

Симптоми
  • Гастроинтестинални симптоми, водено-електролитен дисбаланс, кристалурија која може да доведе до ренална инсуфициенција, конвулзии, појава на преципитати во уринарните катетери.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Хемодијализа. 

Поради можност од појава на вртоглавица и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01CR02
Генерично име:amoxicillin, clavulanic acid
Латинично име:Amoxicillin, clavulanic acid film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:250mg / 125mg филм-обложени таблети (15 филм-обложени таблети во стаклен контејнер/кутија)
Производител:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
Носител на одобрение:HEMOFARM A.D., Вршац, Србија