Latanoprost претставува аналог на простагландин F2α, селективен простаноид FP-рецепторен агонист кој го редуцира интраокуларниот притисок преку зголемување на излевањето на водениот хумор. Можниот механизам на излевањето на водениот хумор се должи на ремоделирањето на екстрацелуларниот матрикс и регулацијата на матрикс металопротеиназите; со ова се зголемува ткивната пропустливост и последователно се зголемува и излевањето на водениот хумор.
Со цел редуцирање на можната системска апсорпција, при аплицирање на капките се препорачува да се притисне лакрималната ќеса на медијалниот кантус (оклузивна пункција) во времетраење од 1 минута; оваа процедура треба да се изведе веднаш по капнувањето на секоја капка.
Пред аплицирање на капките, потребно е да се извадат контактните леќи и повторно да се стават по 15 минути.
Доколку се користи повеќе од еден офталмолошки лек, потребно е да бидат аплицирани со пауза од најмалку 5 минути.
Возрасни
- Препорачана терапија е една капка дневно во заболеното око;
- Оптимален ефект се постигнува доколку капките се аплицираат навечер.
Посебни популацииПостари пациенти
- Препорачаната доза е идентична со онаа која се применува кај возрасни пациенти.
Педијатриска популација
- Препорачаната доза е идентична со онаа која се применува кај возрасни пациенти.
Симптоми на предозирање се окуларна иритација и конјунктивална хиперемија. Во случај на предозирање со latanoprost, третманот е симптоматски.
Latanoprost капките за очи може да предизвикаат минливо заматување на видот, поради што се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.