Лек: Лирика

  • ATC код:N03AX16
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:150mg тврди капсули (14 капсули (блистер 1 х 14)/кутија)
Невропатска болка
Епилепсија
Генерализирано анксиозно нарушување

Pregabalin се врзува за помошната субединица на волтажно - зависните калциумови канали во централниот нервен систем.

Препорачана почетна доза pregabalin е 150mg дневно до максимална доза од 600mg, поделена во 2 или 3 поединечни дози. 

Невропатска болка
  • Препорачана почетна доза е 150mg дневно, поделена во 2 или 3 поединечни дози.
Епилепсија
  • Препорачана почетна доза е 150mg дневно, поделена во 2 или 3 поединечни  дози.
Генерализирано анксиозно нарушување
  • Препорачана почетна доза е 150mg дневно, со можност за зголемување на дозата од 300mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Пациенти со ренално оштетување

Taбела 1. Приспособување на дозата на pregabalin во зависност од реналната функција 

Креатинин клиренс (CLcr) (mL/min)

Вкупна дневна доза на прегабалин*

Дозен режим

 

Почетна доза (mg/ден)

Максимална доза (mg/ден)

 

≥ 60

150

600

На секои 8 – 12 часа

≥ 30 - 60

75

300

На секои 8 – 12 часа

≥ 15 - 30

25 - 50

150

На секои 12 – 24 часа

<15

25

75

Еднаш дневно

Пациенти со хепатални нарушувања
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци. 
  • Хиперсензитивност кон pregabaline
Етанол и лоразепам
  • Истовремената употреба на pregabalin со алкохол или лоразепам може да резултира со потенцирање на седативните ефекти на алкохолот или на лоразепамот. 
Опиоиди и депресанти на CNS
  • Истовремената употреба на pregabalin со опиоиди или депресанти на CNS може да резултира со респираторна слабост.
Оксикодон
  • Истовремената употреба на pregabalin со оксикодон може да резултира со влошување на когнитивната и на целокупната моторна функција. 

Нема податоци. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на pregabalin за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со pregabalin

Не се препорачува употреба на pregabalin кај жени во репродуктивен период. 

Многу чести
  • Вртоглавица, сонливост, главоболка.
Чести
  • Атаксија, абнормална координација, тремор, дисартрија, амнезија, нарушена меморија, нарушено внимание, парестезија, хипоастезија, седација, нарушена рамнотежа, летаргија, вертиго, назофарингит, зголемен апетит, еуфорично расположение, конфузија, раздразливост, дезориентација, намалување на либидото, заматен вид, диплопија, вомитус, наузеа, констипација, дијареја, флатуленција, абдоминална дистензија, сува уста, мускулни спазми, артралгија, болки во грбот, болки во екстремитетите, цервикален спазам, еректилна дисфункција, периферен едем, едем, несигурност при одењето, пагање, чувство на опијанетост, чувство на непријатност, замор, зголемена тежина.
Помалку чести
  • Неутропенија, хиперсензитивност, анорексија, хипогликемија, халуцинации, панични напади, немир, агитација, депресија, депресивно расположение, зголемено расположение, агресија, промени на расположението, деперсонализација, потешкотии во пронаоѓањето на вистински зборови, невообичаени соништа, покачено либидо, аноргазмија, апатија, синкопа, ступор, миоклонус, губење на свеста, психомоторна хиперактивност, дискинезија, постурална вртоглавица, интенцијален тремор, нистагмус, когнитивни нарушувања, ментално нарушување, нарушување на говорот, хипорефлексија, хипоестезија, хиперестезија, сензации на печење, агесија, слабост, губиток на периферно видно поле, визуелни нарушувања, оток на окото, нарушувања на видното поле, намалена острина на видот, очна болка, астенопија, фотопсија, суви очи, зголемена лакримација, иритација на очите, хиперакузија, тахикардија, атриовентрикуларен блок од  I степен, синусна брадикардија, конгестивна срцева слабост, хипотензија, хипертензија, напливи на топлина, зацрвенување, периферно студенило, диспнеја, епистакса, кашлица, назална конгестија, ринит, 'рчење, сушење на назалната слузница, гастроезофагеален рефлукс, саливарна хиперсекреција, орална хипоестезија, покачени серумски нивоа на хепаталните ензими, папуларен осип, уртикарија, хиперхидроза, пруритус, отекување на зглобовите, мијалгија, треперење на мускулите, болки во вратот, вкочанетост на мускулите, уринарна инконтиненција, дизурија, сексуална дисфункција, забавена ејакулација, дисменореја, болки во дојките, генерализиран едем, лицев едем, стегање во градите, болка, пирексија, полидипсија, морници, астенија, покачување на креатин фосфокиназата во крвта, хипергликемија, тромбоцитопенија, покачување на крвниот креатинин, хипокалиемија, намалување на телесната тежина. 
Ретки
  • Ангиоедем, алергиска реакција, дезинхибиција, конвулзии, паросмија, хипокинезија, дизграфија, паркинсонизам, губење на видот, кератитис, осцилопсија, изменета перцепција за визуелна длабочина, мидријаза, страбизам, визуелна заблеснатост, продолжување на QT-интервалот, синусната тахикардија, синусна аритмија, пулмонален едем, стегање во грло, асцит, панкреатитис, отекување на јазикот, дисфагија, жолтица, Stevens-Johnson-ов синдром, ладна пот, рабдомиолиза, ренална слабост, олигурија, ретенција на урина, аменореја, исцедок од дојките, зголемување на дојките, гинекомастија, леукопенија. 
Многу ретки
  • Хепатална инсуфициенција, хепатитис.
Непознати
  • Хиповентилација.
Симптоми
  • Сонливост, конфузија, немир, возбуда, во потежок случај и кома.
Третман
  • Симптоматски и супортивен. 

Поради можност од појава на вртоглавица и сонливост, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N03AX16
Генерично име:pregabalin
Латинично име:Pregabalin hard capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:150mg тврди капсули (14 капсули (блистер 1 х 14)/кутија)
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:PFIZER Manufacturing Deutschland GmbH, Фрајбург, Германија