Епилептични и фебрилни конвулзии
Мускулни спазми предизвикани од тетанус
Мали оперативни или дентални интервенции
Анксиозност и агитација
Diazepam делува преку механизам на врзување за GABA-a-сличните бензодиазепински рецептори, што резултира со потенцирање на ефектите на GABA, олеснување на GABA-ергичната невротрансмисија на ниво на CNS и со зголемување на афинитетот за врзување на GABA за нејзините сродни GABA-а-рецептори. Со потенцирање на дејството на овој инхибиторен невротрансмитер се постигнува хиперполаризација на клеточните мембрани, со што се превенира дополнителна понатамошна ексцитација на засегнатите неврони.
Препорачана вообичаена доза на diazepam e 0,25 - 0,5 mg/kg телесна тежина.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува намалување на дозата на diazepam за 50% од дозата за возрасни.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаПедијатриски пациенти со телесна тежина < 10kg и на возраст до 1 година
- Не се препорачува употреба на diazepam.
Педијатриски пациенти со телесна тежина од 10 - 15 kg и на возраст од 1 - 3 години
- Препорачана доза на diazepam e 5mg.
Педијатриски пациенти со телесна тежина > 15 kg и на возраст над 3 години
- Препорачана доза на diazepam e 10mg.
Употребата на diazepam во првиот и третиот триместар од бременоста е асоцирана со зголемен ризик од тератогеност и симптоми на повлекување кај новороденчето, соодветно.
Поради силното влијание на diazepam врз психофизичката состојба, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.