Неопластични состојби, вклучително карцином на дојка, карцином на овариуми, гастричен карцином, карцином на бели дробови и колоректален карцином, малигни лимфоми, леукемии и мултипли миеломи
Суперфицијален карцином на мочниот меур и in situ карцином на мочниот меур
Профилакса на рецидиви по трансуретрална ресекција
Epirubicin делува преку механизам на интеркалација во двојниот хеликс на DNA и инхибиција на активноста на топоизомераза II, со што се инхибира репликацијата на DNA (и на RNA), како и синтезата на протеините. Дополнително, epirubicin може да го зголеми создавањето на слободните радикали, што придонесува за неговото антитуморно дејство.
Epirubicin се инјектира преку катетерот на постојана интравенска инфузија од физиолошки раствор, по проверка дали иглата е правилно поставена во вената. Екстравазација на epirubicin од вената во тек на инјектирањето може да доведе до тешко оштетување на ткивата, па дури и некроза.
Инјектирање во малите крвни садови или повторување на инјектирањето во истата вена можат да доведат до венска склероза.
Монотерапија
- Препорачана доза за возрасни е 60-90 mg/m2 телесна површина;
- Epirubicin се инјектира интравенски, во период од 3 – 5 минути; истата доза се повторува на секои 21 дена во зависност од хематомедуларниот статус на пациентот.
Карцином на бели дробовиСитно-клеточен карцином на бели дробови
- 120 mg/m2 телесна површина на првиот ден, на секои 3 недели.
Не-ситно-клеточен карцином на бели дробови (сквамозен, крупно-клеточен и аденокарцином, претходно не-третирани)
- 135 mg/m2 телесна површина на првиот ден или 45 mg/m2 телесна површина на првиот, вториот и третиот ден, на секои 3 недели.
Карцином на дојка
- При адјувантен третман на ран карцином на дојка кај пациентки со позитивен наод на лимфни јазли, препорачана интравенска доза на epirubicin на секои 3 – 4 недели е 100 mg/m2 телесна површина (првиот ден како единечна доза) до 120 mg/m2 телесна површина (во две поделени дози, првиот и осмиот ден), во комбинација со интравенски циклофосфамид и 5-флуороурацил и тамоксифен, даден перорално;
- Epirubicin се дава како интравенска болус инјекција во период од 3 – 5 минути или како инфузија во времетраење од 30 минути;
- Пониски дози (60 – 75 mg/m2 телесна површина за конвенционален третман и 105 – 120 mg/m2 телесна површина за режими со високи дози) се препорачуваат кај пациенти чија функција на коскената срцевина е веќе нарушена од претходна хемотерапија или радиотерапија, од возраста или инфилтрација на неопластична коскена срцевина; вкупната доза по циклус може да се подели во тек на 2 – 3 последователни денови;
- Кога epirubicin се користи во комбинација со други антинеопластици, дозите мора адекватно да се намалат.
Интравенска употреба
- Интравезикалната администрација на epirubicin е применлива кај пациенти со површински карцином на мочниот меур и in situ карцином на мочниот меур; овој начин на администрација не е применлив за третман на инвазивни тумори кои веќе навлегле во ѕидот на мочниот меур – во вакви ситуации, посоодветна е системска терапија или хируршки зафат;
- За терапија, инстилација на мочниот меур еднаш неделно со 50mg/50mL (растворен со физиолошки раствор или стерилна вода) во период од 8 недели; во случај на локална токсичност (хемиски циститис) се препорачува намалување на дозата на 30mg/50mL;
- За карцином in situ, дозата може да се зголеми до 80mg/50mL во зависност од подносливоста на пациентот;
- За профилакса се применува доза од 50mg/50mL 4 пати неделно, проследено со 11 пати месечна администрација на истата доза;
- Растворот треба да се одржува интравезикално во период од 1 час. За да се избегне прекумерно растворање со урина, пациентот не треба да прима никакви течности најмалку 12 часа пред инстилацијата на растворот.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
Пациенти со хепатално оштетување
- Умерено хепатално оштетување (билирубин: 1,4 – 3 mg/100mL) – намалување на дозата за 50%;
- Тешко хепатално оштетување (билирубин > 3mg/100mL) – намалување на дозата за 75%.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациентите со умерено ренално оштетување.
Хиперсензитивност кон epirubicin;
Лактација
Интравенска администрација
- Перзистирачка миелосупресија;
- Тешко хепатално оштетување;
- Тешка миокардна инсуфициенција;
- Неодамнешен миокарден инфаркт;
- Тешки аритмии;
- Претходен третман со максимални кумулативни дози на epirubicin и/или други антрациклини или антрацендиони;
- Пациенти со акутни системски инфекции;
- Нестабилна ангина пекторис;
- Миокардиопатија.
Интравезикална администрација
- Инфекции на уринарен тракт;
- Инфламација на мочниот меур;
- Хематурија;
- Инвазивни тумори кои пенетрираат во мочниот меур;
- Проблеми со катетеризацијата.
Epirubicin може да предизвика хромозомско оштетување на сперматозоидите. Мажите подложни на третман со epirubicin треба да мористат ефикасни методи за контрацепција.
Epirubicin може да предизвика аменореа или предвремена менопауза кај предменопаузалните жени.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.