Тешки депресивни епизоди
Панично растројство (со или без агорафобија)
Социјално анксиозно растројство (социјална фобија)
Генерализирано анксиозно растројство
Опсесивно-компулсивно растројство
Escitalopram е селективен инхибитор на серотонинското ре-преземање со висок афинитет за примарното врзивно место. Escitalopram исто така покажува афинитет за врзување со алостеричното место на серотонинскиот транспортер, но со илјадапати послаб афинитет. Ваквиот механизам на дејство на escitalopram го оневозможува ре-преземањето на серотонинот од страна на рецепторите во пресинаптичките неврони.
Неселективни иреверзибилни MAO-инхибитори
- Истовремената употреба на escitalopram со лекови од групата на неселективни иреверзибилни MAО-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на т.н. серотонински синдром со агитација, тремор и хипертермија.
Реверзибилни МАО-инхибитори (моклобемид)
- Истовремената употреба на escitalopram со лекови од групата на реверзибилни MAО-инхибитори, како што е моклобемид, или со реверзибилниот неселективен МАО-инхибитор линезолид е контраиндицирана поради зголемен ризик од појава на т.н. серотонински синдром.
Лекови кои го продолжуваат QT-интервалот
- Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram со лекови кои го продолжуваат QT-интервалот, како што се:
Антиаритмици од класа IA и III
Антипсихотици (фенотиазински деривати, пимозид, халоперидол)
Трициклични антидепресиви
Антимикробни лекови (спарфлоксацин, моксифлоксацин, еритромицин, пентамидин, антималарична терапија, особено халофантрин)
Антихистаминици (астемизол, мизоластин).
Серотонинергични лекови
- Истовремена употреба на escitalopram со серотонинергични лекови, како што се трамадол, бупренорфин, суматриптан и други триптани, може да резултира со манифестација на серотонински синдром.
Лекови кои го намалуваат прагот на појава на конвулзии
- Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram со лекови кои го намалуваат прагот на појава на конвулзии, како што се:
SSRIs (селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање)
Трициклични антидепресиви
Невролептици (фенотиазински деривати, тиоксантини, бутирофенони)
Мефлокин
Бупропион
Трамадол.
Литиум, триптофан
- Истовремената употреба на escitalopram со овие лекови е контраиндицирана.
Кантарион
- Истовремената употреба на escitalopram со кантарион може да ја зголеми инциденцата од појава на несакани ефекти.
Перорални антикоагуланси
- Истовремената употреба на escitalopram со орални антикоагуланси може да ја зголеми тенденцијата за крварење.
Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи)
- Истовремената употреба на escitalopram со нестероидни антиинфламаторни лекови може да ја зголеми тенденцијата за крварење.
Лекови кои предизвикуваат хипокалиемија, хипомагнеземија
- Истовремената употреба на escitalopram со овие лекови може да го зголеми ризикот од развој на малигни аритмии.
Инхибитори на CYP2C19
- Истовремената употреба на escitalopram со инхибитори на CYP2C19, како што се омепразол, есомепразол, флуконазол, флувоксамин, лансопразол или тиклопидин може да резултира со умерено зголемување на серумските нивоа на escitalopram.
Умерено потентни општи ензимски инхибитори (циметидин)
- Истовремената употреба на escitalopram со циметидин може да резултира со умерено зголемување на серумските нивоа на escitalopram.
Супстрати на CYP2D6
- Истовремената употреба на escitalopram со супстрати на CYP2D6 може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на супстратите на CYP2D6.
Супстрати на CYP2C19
- Истовремената употреба на escitalopram со супстрати на CYP2C19 може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на супстратите на CYP2C19.
Escitalopram може да се зема со или без храна.
Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram и алкохол.
Escitalopram има минорно влијание врз способноста за возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.