Лек: Атенолол суспензија 2 mg/mL

ATC код:C07AB03
Генерично име:atenolol
Индикации:Хипертензија, ангина пекторис, миокарден инфаркт, артимија
Дозирана форма:Суспензија
Јачина:2 mg/mL
Составни компоненти:
  • Atenolol á 100 mg - 1 таблета
  • Glycerin – 2,0 mL
  • Вехикулум qs 50,0 mL*

*Вехикулум од избор:

  • Sirupus simplex (стабилност 14 дена) или
  • Ora-Sweet® (стабилност 14 дена) или
  • Ora-Sweet SF® (стабилност 90 дена)
Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

  1. Здробете ги таблетите во тарионик до ситен прав.
  2. Додадете малку глицерол на прашокот и мешајте се додека да се добие хомогена и унифорнма паста.
  3. Додадете поголем дел од вехикулумот во пастата додека не се формира суспензија и префрлете ја суспензијата во соодветен контејнер.
  4. Користете од преостаната количина на вехикулумот за да го исплакнете преостанатиот лек од тарионикот и префрлете во контејнерот.
  5. Дополнете до пропишаниот волумен со вехикулумот.
  6. Добро протресете и промешјте и сигнирајте соодветно.
Пакување:Во добро затворен контејнер отпорен на светлина.
Чување:Во фрижидер
Рок на употреба:14 дена или 90 дена во зависност од употребениот вехикулум
Забелешки:
  1. Ora-Sweet SF® не смее да се користи кај новороденчиња ≤28 дена.
  2. Да се издаде со напомена „Да се промеша пред употреба“.
Контрола на квалитет:

Тежина/волумен, pH, специфична тежина, содржина на активна супстанција, реолошки својства/истурање, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:
  1. Patel D, Doshi DH, Desia A. Short term stability of Atenolol in oral liquid formulations. International Journal of Pharmaceutical Compounding 1997; 437-439.
  2. Pharmacy Compounding Manual 2008, Calgary Health Region Pharmacy.