Cera alba – 13.0 g
Oleum amygdalae raffinatum – 53.5 g
Borax – 0.5 g
Aqua Rosae aromatica – 33.0 g
Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.
Во текот на подготвката треба да се внимава да не се загрева на температура поголема од 50 °C.
Со загревање на водена бања на 50 °C во соодветен сад се топат белиот пчелин восок и бадемовото масло. Сместа се истура во загреан аван на соодветна температура, а потоа се меша со пистил кој е загреан на иста температура.
Бораксот се раствара во ароматичната вода. Овој раствор постепено во мали порции со континуирано мешање се додава на масната фаза. Мешањето е потребно да биде енргично и со истото се продлжува се додека да се добие хомогена маса.
Препаратот е контраиндициран кај деца под 3 години.
Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.
Препаратот е масен крем со бела боја, хомоген изглед и карактеристичен мирис на роза. Не се разредува и меша со вода.
Дополнително реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.
Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:
https://ansm.sante.fr/uploads/2020/10/23/cerat-de-galien.pdf