Iodum – 1.0 g
Kalii iodidum – 0.6 g
Ethanolum 96% - 54.7 g
Aqua purificata qs ad 100.0g
Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.
Во текот на изработката треба да се користат стаклени садови за подготовка.
Прво се раствара калиум јодидот во 5 mL mL прочистена вода, па се додава јодот. Се меша убаво да се добие хомоген раствор, а потоа се додава потребната количина алкохол. Се дополнува со прочистена вода.
Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.
Препаратот е раствор со темно кафеава боја, со мирис на етанол и јод.
Дополнително содржина на активна супстанција, реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.
Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:
https://ansm.sante.fr/uploads/2020/10/23/alcool-iode-a-1-pour-cent.pdf