Ерозивен рефлуксен езофагитис
Превенција на релапс на излекуван езофагитис
Симптоматска терапија на гастроезофагеална рефлуксна болест
Дуоденален улкус асоциран со Helicobacter pylori
Превенција на релапс на Helicobacter pylori-асоциран пептичен улкус
Терапија на гастрични улкуси предизвикани од НСАИЛи
Превенција на појава гастрични и дуоденални улкуси предизвикани од НСАИЛи
Терапија на одржување по интравенски третман на крваречки пептичен улкус
Zollinger-Ellison-oв синдром
Esomeprazole делува на ниво на париеталните клетки на желудникот, каде се врзува за сулфхидрилните групи на цистеинските резидуи на ензимот Н+/К+-АТР-аза и го инхибира неговото дејство, односно ја инхибира протонската пумпа, што резултира со инхибиција на базалната и стимулираната секреција на хлороводородна киселина.
Esomeprazole се зема најмалку 1 час пред, односно 1 час по оброците.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.