Eрозивен рефлуксен езофагитис
Превенција на релапс на излекуван езофагитис
Симптоматска терапија на гастроезофагеална рефлуксна болест
Третман на дуоденален улкус асоциран со Helicobacter pylori
Превенција на релапс на пептични улкуси асоцирани со Helicobacter pylori
Гастрични улкуси предизвикани од НСАИЛи
Превенција на појава гастрични и дуоденални улкуси предизвикани НСАИЛи
Терапија на одржување по интравенски третман на крваречки пептичен улкус
Zollinger-Ellison-oв синдром
Esomeprazole делува на ниво на париеталните клетки на желудникот, каде се врзува за сулфхидрилните групи на цистеинските резидуи на ензимот Н+/К+-АТР-аза и го инхибира неговото дејство, односно ја инхибира протонската пумпа, што резултира со инхибиција на базалната и стимулираната секреција на хлороводородна киселина.
Esomeprazole се зема најмалку 1 час пред, односно 1 час по оброците.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на замаеност и заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.