Симптоматски третман на блага до умерено тешка Алцхајмерова деменција
Donepezil претставува селективен и реверзибилен инхибитор на ацетилхолинестеразата која е одговорна за разградбата на ацетилхолинот; инхибицијата на ацетилхолинестеразата резултира со олеснување на холинергичната трансмисија и ослободување од симптомите на Алцхајмеровата деменција. Donepezil се спротивставува на глутамат-индуцираната ексцитаторна трансмисија преку down-регулација на N-метил-D-аспартатските рецептори и регулацијата на амилоидните протеини, за кои се смета дека имаат исклучително значење за развојот на Алцхајмеровата болест.
Третманот започнува со администрација на доза од 5mg donepezil дневно, администрирана навечер, пред спиење; оваа доза се применува во период од еден месец, а потоа дозата се зголемува до 10mg дневно.
Поради можност од појава на замор, вртоглавица и мускулни спазми, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.