Лек: Солкет

  • ATC код:M01AE03
  • Компанија:КЕМОФАРМАЦИЈА-ШЕ дооел
  • Доза:80mg прашок за перорален раствор
Симптоматски третман на инфламаторни состојби асоцирани со болка (кај возрасни пациенти)
  • Вклучително ревматоиден артритис, анкилозирачки спондилитис, болна артроза, екстра-артикуларен ревматизам, пост-трауматска флогоза, болни инфламаторни состојби на забите, оториноларинголошки инфламаторни состојби, како и на уринарниот и респираторниот тракт.
Симптоматски и краткотраен третман на инфламаторни состојби асоцирани со болка и пропратени со пирексија (кај деца)
  • Вклучително болести кои го афектираат остеоартрикуларниот систем, пост-оперативни болки и отитис. 

Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.

Со отворање на кесичката следејќи ја линијата пола доза се добива доза од 40mg, а пак при следење на линијата цела доза се добива доза од 80mg.

Содржината од кесичката се истура во полу-наполнета чаша вода и се промешува.

Возрасни
  • Препорачана доза на ketoprofen е 80mg, трипати дневно, односно на 8 часа, во тек на оброк;
  • Максималната дневна доза на ketoprofen е 200mg.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Се препорачува прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
Деца на возраст од 6 – 14 години
  • Препорачана дневна доза е 40mg ketoprofen, трипати дневно, односно на 8 часа, во тек на оброк.
Деца на возраст под 6 години
  • Употребата на ketoprofen прашокот за перорален раствор е контраиндицирана кај оваа возрасна група.
Пациенти со ренално оштетување
  • Пациенти со лесно до умерено ренално оштетување – препорачливо е прилагодување на дозата;
  • Пациенти со сериозно ренално оштетување – употребата на ketoprofen прашокот за перорален раствор е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Се препорачува примена на минимална дневна доза.
  • Хиперсензитивност кон ketoprofen;
  • Пациенти со историја на реакции на хиперсензитивност, како бронхоспазам, астматични напади, ринитис, назални полипи, уртикарија, ангионевротични едеми или други алергиски реакции на ketoprofen;
  • Пациенти со историја на бронхијална астма;
  • Изразена кардијална инсуфициенција;
  • Пептичен улкус / активна хеморагија или претходна гастроинтестинална хеморагија, улцерации или перфорации (две или повеќе различни епизоди потврдени со крварења или улцерации) или хронична диспепсија;
  • Гастроинтестинални крварења или гастроинтестинални перфорации кои се резултат на претходна примена на НСАИЛи или друго активно хеморагично нарушување;
  • Леукопенија и тромбоцитопенија;
  • Кронова болест или улцеративен колитис;
  • Гастритис;
  • Сериозна ренална инсуфициенција;
  • Сериозна хепатална инсуфициенција;
  • Хеморагична дијастеза или други нарушувања во процесот на коагулација, или пак кај пациенти кои се на терапија со антикоагуланси;
  • Конкомитантна употреба со диуретици;
  • Трет триместар на бременост;
  • Лактација;
  • Деца на возраст под 6 години.
НСАИЛи
  • Не се препорачува истовремена употреба на ketoprofen со други нестероидни антиинфламаторни лекови, вклучително и селективни инхибитори на циклооксигеназа-2 (СОХ2), поради ризик од улцерации и гастроинтестинални крварења како резултат на синергистичкиот ефект. 
Антикоагуланси (хепарин, варфарин)
  • Кetoprofen може да го потенцира антикоагулантниот ефект на хепаринот и варфаринот преку зголемување на ризикот од крварење и инхибиција на коагулационата функција, како и оштетување на гастроинтестиналната мукоза. 
Антиплателарни лекови (тиклопидин, клопидогрел)
  • Кetoprofen може да го потенцира ефектот на антиплателарните лекови, како што се тиклопидин и клопидогрел, со што се зголемува ризикот од гастроинтестинални крварења преку механизам на инхибиција на плателарната функција и оштетување на гастроинтестиналната мукоза. 
Литиум
  • Истовремената употреба на ketoprofen со литиум може да го зголеми ризикот од зголемување на серумските нивоа на литиумот, при што во одредени случаи може да се постигнат и токсични концентрации како резултат на намалена ренална екскреција на литиум.
Метотрексат
  • Истовремената употреба на ketoprofen со метотрексат може да резултира со потенцирање на хематолошката токсичност на метотрексатот, што се јавува како резултат на промената на протеинското врзување на метотрексатот и намален ренален клиренс.
Хидантоини и сулфонамиди
  • Истовремената употреба на ketoprofen со лекови од групата на хидантоини и сулфонамиди може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на овие лекови.
Лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија
  • Истовремената употреба на ketoprofen со лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија, како што се соли на калиум, диуретици кои штедат калиум, АКЕ-инхибитори, блокатори на рецепторите на ангиотензин II, НСАИЛи, хепарин, циклоспорин, такролимус и триметоприм може да резултира со потенцирање на хиперкалиемијата. 
Тенофовир
  • Истовремената употреба на ketoprofen со тенофовир дисопроксил фумарат може да резултира со зголемување на ризикот од ренална инсуфициенција.
Диуретици
  • Кetoprofen може да го намали ефектот на диуретиците; истовремената употреба на ketoprofen со диуретици може да резултира со зголемување на ризикот од развој на секундарна ренална инсуфициенција како резултат на намален ренален крвоток.
АКЕ-инхибитори и антагонисти на рецепторите на ангиотензин II
  • Истовремената употреба на ketoprofen со лекови од групата на АКЕ-инхибитори и антагонисти на рецепторите на ангиотензин II може да го зголеми ризикот од појава на акутна ренална инсуфициенција.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на ketoprofen со кортикостероиди може да го зголеми ризикот од појава на гастроинтестинални улцерации и/или крварења.
Пентоксифилин
  • Истовремената употреба на ketoprofen со пентоксифилин може да го зголеми ризикот од крварења. 
Зидовудин
  • Истовремената употреба на ketoprofen со зидовудин може да го зголеми ризикот од потенцирање на токсичноста на зидовудинот врз еритроцитите, преку акција на ретикулоцитите, со појава на сериозна анемија која се јавува една недела по започнувањето на третманот со ketoprofen
Сулфанилуреа
  • Кetoprofen може да го потенцира хипогликемичниот ефект на сулфанилуреите преку нивно истиснување од местото на врзување од плазматските протеини.
Кардиоактивни гликозиди
  • Кetoprofen може да предизвика срцева инсуфициенција, да ја намали гломеруларната филтрација и да ги зголеми нивоата на кардијалните гликозиди. 
Антихипертензивни лекови
  • Кetoprofen може да го намали ефектот на антихипертензивните лекови, како што се β-блокатори, АКЕ-инхибитори и диуретици, како резултат на инхибиција на синтезата на простагландините. 
Мифепристон
  • Кetoprofen може да го намали контрацептивниот ефект на мифепристонот.
Интраутерини средства за контрацепција
  • Кetoprofen може да го намали контрацептивниот ефект на интраутерините средства за контрацепција, поради што може да дојде до несакана бременост.
Тромболитици
  • Истовремената употреба на ketoprofen со лекови од групата на тромболитици може да го зголеми ризикот од крварење.
Циклоспорин, такролимус
  • Истовремената употреба на ketoprofen со лекови како што се циклоспорин и такролимус може да го зголеми ризикот од појава на дополнителни нефротоксични ефекти, особено кај повозрасни пациенти.
Пробенецид
  • Истовремената употреба на ketoprofen со пробенецид може да резултира со значително намалување на плазматскиот клиренс на ketoprofen, при што соодветно следи покачување на плазматските концентрации на ketoprofen. Оваа интеракција се должи на инхибиторниот механизам на местото на тубуларна секреција, како и глукуроидната конјугација. 
Хинолонски антибиотици
  • Кetoprofen може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии при истовремена употреба хинолонски антибиотици.
Гемепрост
  • Истовремената употреба на ketoprofen со гемепрост може да резултира со намалување на фармаколошката ефикасност на гемепрост.
Алкохол

Ketoprofen прашокот за перорален раствор се зема во тек на оброк.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ketoprofen за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третманот со ketoprofen.

Ketoprofen го намалува фертилитетот.

Многу чести

/

Чести
  • Наузеа, вомитус, диспепсија, абдоминална болка.
Помалку чести
  • Главоболка, зашеметеност, вертиго, поспаност, констипација, дијареа, флатуленција, гастритис, абдоминални нарушувања, осип, јадеж, едем, замор, периферен едем, грозница.
Ретки
  • Анемија како резултат на крварење, парестезија, заматен вид, тинитус, астма, улцеративен стоматитис, пептичен улкус, хепатитис, зголемување на серумските нивоа на трансаминазите, зголемување на серумските нивоа на билирубин како резултат на хепатални нарушувања, иктерус, обезност.
Многу ретки
  • Дискинезија, синкопа, хипотензија, ларингеален едем, хематурија, астенија, лицев едем.
Непознато
  • Менингитис, лимфангитис, агранулоцитоза, тромбоцитопенија, мидазуларна аплазија, хемолитичка анемија, леукопенија, неутропенија, апластична анемија, леукоцитоза, тромбоцитопенична пурпура, анафилактични реакции (вклучувајќи и шок), хиперсензитивност, хиперкалиемија, хипонатриемија, депресија, халуцинации, конфузија, промени во расположението, ексцитабилност, инсомнија, конвулзии, губење на сетилото за вкус, тремор, хиперкинезија, периорбитална едема, срцева инсуфициенција, атријална фибрилација, палпитации, тахикардија, хипертензија, вазодилатација, васкулитис (вклучувајќи и леукоцитокластичен васкулитис), бронхоспазам, ринитис, диспнеа, ларингоспазам, акутна респираторна инсуфициенција, колитис, влошување на симптомите на Кроновата болест, гастроинтестинални крварења и перфорации, гастричен улкус, дуоденален улкус, рефлукс, оток на устата, панкреатитис, хиперхлоремија, гастрична болка, ерозивен гастритис, отекување на јазикот, хемоптизија, фотосензитивност, алопеција, уртикарија, ангиоедем, булозни ерупции, вклучувајќи и Stevens-Johnson-ов синдром и токсична епидермална некролиза, еритема, егзантема, макуло-папуларна егзантема, дерматитис, црвенило на кожата и егзем, пурпура, акутна генерализирана егзантема, пустулоза, акутна ренална инсуфициенција, тубуларен интерстицијален нефритис, нефротски синдром, гломеруларен нефритис, ретенција на вода и/или натриум со можност за појава на едем, акутна тубуларна некроза, папиларна некроза, олигурија, абнормални резултати на тестови за проценка на ренална функција.
Симптоми
  • Летаргија, поспаност, наузеа, вомитус и епигастрична болки, главоболки, зашеметеност и дијареа; при сериозно предозирање може да се манифестира хипотензија, респираторна депресија и гастроинтестинално крварење.
Третман
  • Гастрична лаважа и примена на соодветни супортивни мерки со цел компензација на настанатата дехидратација и проценка на реналната функција.

Поради можноста од појава на вртоглавица, поспаност или конвулзии како резултат на употребата на ketoprofen, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AE03
Генерично име:ketoprofen
Латинично име:Ketoprofen powder for oral solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:80mg прашок за перорален раствор
Производител:КЕМОФАРМАЦИЈА-ШЕ дооел
Носител на одобрение:Special Product`s Line S.p.A, Анањи, Италија