Aкутни болни мускулно-скелетни состојби предизвикани од траума
- Вклучувајќи спортски повреди, истегнувања, исчашувања и контузии.
Болка при несериозен артритис
Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Ketoprofen кремот се аплицира 2 – 4 пати дневно на кожата од болниот или воспалениот дел, во период од 7 дена.
Се аплицира нежно, но се масира добро за да пенетрира гелот.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на ketoprofen кремот кај пациенти од педијатриската популација.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
Не постојат значителни интеракции со други лекови.
Не се познати случаи на предозирање при локална администрација на ketoprofen кремот.
Во случај на системско проголтување на ketoprofen кремот, третманот е супортивен и симптоматски.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.