Лек: Артрокол

  • ATC код:M02AA10
  • Компанија:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
  • Доза:2,5% гел
Aкутни болни мускулно-скелетни состојби предизвикани од траума
  • Вклучувајќи спортски повреди, истегнувања, исчашувања и контузии.
Болка при несериозен артритис

Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.

Ketoprofen гелот се аплицира 2 – 4 пати дневно на кожата од болниот или воспалениот дел, во период од 7 дена.

Се аплицира нежно, но се масира добро за да пенетрира гелот.

Вообичаената препорачана доза е 15g дневно (7,5g одговараат на приближно 14cm гел).

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на ketoprofen гелот кај пациенти од педијатриската популација.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон ketoprofen;
  • Историја на фотосензитивни реакции;
  • Познати симптоми на хиперсензитивност, како што се астма, алергиски ринитис на ketoprofen, фенофибрат, тиапрофенска киселина, ацетилсалицилна киселина или на други нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи);
  • Историја на кожни алергиски реакции на ketoprofen, тиапрофенска киселина, фенофибрат, UV-блокатори или парфеми;
  • Експозиција на сонце (дури и слабо сонце), вклучително и UV-светло од солариум – за време на третманот и 2 недели по неговиот прекин;
  • Трет триместар од бременост;
  • Патолошки кожни промени, како што се егзема и акни;
  • Инфицирана кожа и/или отворени рани;
  • Апликација на мукозни мембрани, анална или генитална површина, очи или употреба на оклузивни завои.

Не постојат значителни интеракции со други лекови.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ketoprofen гелот за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведувањето на третманот со ketoprofen гелот.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Локални кожни реакции (вклучително еритема, егзема, пруритус, чувство на печење).
Ретки
  • Фотосензитизација, уртикарија, булозна или фликтенуларна егзема која има тенденција за проширување и преминување во генерализирана егзема.
Многу ретки
  • Случаи на влошување на претходно постоечка ренална инсуфициенција.
Непознато
  • Анафилактичен шок, ангиоедем, реакции на хиперсензитивност.

Не се познати случаи на предозирање при локална администрација на ketoprofen гелот.

Во случај на системско проголтување на ketoprofen гелот, третманот е супортивен и симптоматски.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M02AA10
Генерично име:ketoprofen
Латинично име:Ketoprofen gel
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2,5% гел
Производител:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
Носител на одобрение:World Medicine Ilac San ve Tic. A.S., Истанбул, Турција