Ketoprofen e лек кој припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи), а неговиот механизам на дејство подразбира редукција на синтезата на простагландини преку инхибиција на активноста на ензимот циклооксигеназа (СОХ1 и COX2); инхибицијата на активноста на СОХ2 резултира со инхибиција на синтеза на проинфламаторни простагландини, додека инхибицијата на активноста на СОХ1 резултира со инхибиција на синтеза на протективни простагландини, од кадешто потекнуваат и несаканите дејства на кетопрофенот.
Ketoprofen филм-обложените таблети се земаат за време на или по оброк, со најмалку 100 mL вода или млеко.
Возрасни пациенти и деца на возраст над 15 години
- Препорачана дневна доза на ketoprofen е 100 – 200 mg дневно (една филм-обложена таблета, еднаш или двапати дневно) во зависност од тежината на пациентот и во зависност од степенот на сериозност на симптомите;
- Максималната дневна доза на ketoprofen е 200mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската доза, поради постоење на ризик од гастроинтестинално крварење.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на ketoprofen филм-обложените таблети кај пациенти од педијатриската популација.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
Ketoprofen филм-обложените таблети се земаат за време на или по оброк.
Поради можноста од појава на вртоглавица, поспаност или конвулзии како резултат на употребата на ketoprofen, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.