Oxaliplatin e антинеопластичен лек, кој делува преку механизам на врзување за гванинските и цитозинските резидуи од молекулот на DNA, со што се спречува репликацијата и транскрипцијата на DNA. Цитотоксичноста на oxaliplatin не е специфична за одреден клеточен циклус.
Препорачана доза на oxaliplatin за адјувантна терапија е 85 mg/m2, администрирани интравенски, на секои 2 недели, во 12 циклуси (6 месеци).
Препорачана доза на oxaliplatin за третман на метастазиран колоректален карцином е 85 mg/m2, администрирани интравенски, на секои 2 недели.
Оxaliplatin секогаш се aдминистрира пред флуоропиримидините (т.е пред 5-флуороурацил).
Oxaliplatin се администрира како 2 – 6-часовна интравенска инфузија во 250 – 500 mL 5% раствор на глукоза, со што се добива концентрација од 0,2 mg/mL и 0,7 mg/mL.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата на oxaliplatin.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на oxaliplatin кај педијатриска популација.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата на oxaliplatin кај пациенти со благо до умерено ренално оштетување;
- Употребата на oxaliplatin кај пациенти со сериозно ренално оштетување е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата на oxaliplatin.
Лекови кои го продолжуваат QT-интервалот
Лекови кои предизвикуваат рабдомиолиза
Оxaliplatin поседува антифертилно дејство, поради што е неопходно да се примени соодветна контрацептивна терапија за време на третманот и 4 месеци по прекинувањето на терапијата кај жени, односно 6 месеци по прекинувањето на терапијата кај мажи.
Во случај на предозирање со oxaliplatin, препорачливо е следење на хематолошките параметри пропратено со симптоматски третман на другите симптоми на токсичност.
Бидејќи употребата на oxaliplatin може да резултира со вертиго, наузеа, вомитус и појава на други невролошки симптоми кои влијаат на држењето на телото и одржувањето на рамнотежата, се препорачува претпазливост при возење и управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.