Лек: Релика

  • ATC код:C09AA04
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија
  • Доза:4mg таблети
Хипертензија
Срцева инсуфициенција
Мозочен удар
Стабилна коронарна артериcка бoлест

Perindopril претставува АКЕ-инхибитор, односно инхибитор на активноста на ензимот ангиотензин конвертаза - ензим кој учествува во конвертирањето на ангиотензин I во ангиотензин II. АКЕ-инхибицијата резултира со намалување на серумските нивоа на ангиотензин II, а со тоа доаѓа до зголемување на ренинската активност (преку инхибиција на негативната повратна спрега на ослободување на ренин и на секрецијата на алдостерон). Ова води до манифестација на антихипертензивен ефект. 

Xипеpтeнзијa
  • Препорачана почетна доза на perindopril е 4mg дневно, администрирана наутро; 
  • Кај пациенти кај кои ренин-ангиотензин-алдостерон системот е силно активиран (на пр. во случај на реноваскуларна хипертензија, кардијална декомпензација или тешка хипертензија), се препорачува почетна доза на perindopril од 2mg дневно; 
  • По спроведување на терапијата во времетраење од 1 месец, дозата на perindopril може да се зголеми до 8mg дневно.
Симптоматска срцева инсуфициенција
  • Препорачана почетна доза на perindopril e 2mg дневно, администрирана наутро.
Превенција на релапс на мозочен удар
  • Препорачана почетна доза на perindopril кај пациенти со историја на цереброваскуларни нарушувања е 2mg дневно; по 2 недели, дозата се зголемува на 4mg дневно; 
  • Кај пациенти со стабилна коронарна артериска болест, препорачана почетна доза на perindopril е 4mg дневно, во времетраење од 2 недели, а потоа дозата се зголемува до 8mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
Стабилна коронарна артериска болест
  • Препорачана почетна доза на perindopril е 2Mg дневно, во период од 1 недела, а потоа дозата се зголемува до 4mg дневно или до 8mg дневно, во зависност од реналната функција. 
Хипeртензиjа
  • Терапијата започнува со админитрација на почетна доза од 2mg дневно; по еден месец, дозата може да се зголеми до 4mg или до 8mg дневно.
Пациенти со ренално оштетување

Табела 1. Прилагодување на дозата на perindopril во зависност од реналната функција

Креатинин клиренс (mL/min)

Препорачанa доза на perindopril

> 60 

4mg дневно

30 - 60 

2mg дневно

15 - 30

2mg на секои 48 часа

< 15 (пациенти на хемодијализа)

2mg на денот на хемодијализата

 

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на perindopril кај пациенти на возраст под 18 години.
  • Хиперсензитивност кон perindopril
  • Историја на ангиоедем по администрација на други АКЕ-инхибитори; 
  • Хередитарен или идиопатски ангиоедем; 
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или ренална инсуфициенција (GFR < 60 mL/min/1,73m^2); 
  • Истовремена употреба на сакубитрил / валсартан;  
  • Екстракорпорални третмани кои доведуваат до контакт на крвта со негативно-наелектризирани површини; 
  • Значителна билатерална стеноза на реналната артерија или стеноза на артеријата до еден функционален бубрег.
Сакубитрил / валсартан
  • Истовремената употреба на perindopril со сакубитрил или валсартан е контраиндицирана поради зголемен ризик од развој на ангиоедем. 
Диуретици кои штедат калиум и суплементи кои содржат калиум
  • Истовремената употреба на perindopril со диуретици кои штедат калиум (на пр. спиронолактон, триамтерен или амилорид) или суплементи кои содржат калиум може да резултира со развој на хиперкалиемија.
Лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија
  • Истовремената употреба на perindopril со алискирен, соли на калиум, диуретици кои штедат калиум, други АКЕ-инхибитори, ангиотензин II-рецепторни антагонисти, НСАИЛи, хепарини, имуносупресиви како циклоспорин или такролимус или триметоприм може да резултира со хиперкалиемија. 
Алискирен
  • Истовремената употреба на perindopril со алискирен може да резултира со хиперкалиемија, влошување на реналната функција и кардиоваскуларен морбидитет и морталитет.
Естрамустин
  • Истовремената употреба на perindopril со естрамустин може да го зголеми ризикот од појава на несакани ефекти, како ангионевротски едем (ангиоедем). 
Литиум
  • Истовремената употреба на perindopril со литиум може да резултира со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на литиум и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Антидијабетици (инсулини, oрални антихипергликемици)
  • Истовремената употреба на perindopril со андијабетици како инсулин и некои орални антихипергликемици може да резултира со хипогликемија.
Баклофен
  • Истовремената употреба на perindopril со баклофен може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на perindopril со НСАИЛи може да резултира со влошување на реналната функција, акутна ренална слабост и хиперкалиемија.
Антихипертензиви и вазодилататори
  • Истовремената употреба на perindopril со други антихипертензиви или вазодилататори може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект на овие лекови. 
Трициклични антидепресиви, антипсихотици и анестетици
  • Истовремената употреба на perindopril со некои трициклични антидепресиви, антипсихотици или анестетици може да резултира со значителна хипотензија.
Симпатомиметици
  • Истовремената употреба на perindopril со симпатомиметици може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект на perindopril
Злато
  • Истовремената употреба на perindopril со злато може да резултира со манифестација на т.н. нитритоидна реакција, која се манифестира со црвенило на лицето, наузеа, вомитус и хипотензија.
Екстракорпорални третмани
  • Употребата на perindopril за време на спроведување на екстракорпорални третмани кои доведуваат до контакт на крвта со негативно-наелектризирани површини како што се дијализа или хемофилтрација со одредени мембрани со висок флукс може да резултира со појава на тешки анафилактоидни реакции.
Рацекадотрил
  • Истовремената употреба на perindopril со рацекадотрил може да го зголеми ризикот од развој на ангиоедем. 
mTOR-инхибитори (сиролимус, еверолимус, темзиролимус)
  • Истовремената употреба на perindopril со mTOR-инхибитори, како што се сиролимус, еверолимус или темзиролимус може да го зголеми ризикот од развој на ангиоедем. 
Котримоксазол
  • Истовремената употреба на perindopril со котримоксазол може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на perindopril со циклоспорин може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.
Хепарин
  • Истовремената употреба на perindopril со хепарин може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на perindopril за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со perindopril

Нема влијание.

Ретки
  • Синдром на несоодветнз секреција на антидиуретичен хормон (SIADH), пакреатитис, влошување на псоријазата, анурија / олигурија, акутна ренална инсуфициенција, хипербилирубинемија, зголемени серумски нивоа на хепатални ензими.
Многу ретки
  • Намалени нивоа на хемоглобин, намален хематокрит, тромбоцитопенија, леукопенија / неутропенија, агранулоцитоза, панцитопенија, хемолитичка анемија (кај некои пациенти со конгенитална дефициенција на глукоза-6-фосфат дехидрогеназа), метаболни и нутритивни нарушувања, мозочен удар како резултат на прекумерна хипотензија кај високо-ризични пациенти, ринитис, еозинофилна пневмонија, хепатитис — цитолитичен или холестатски, еритема мултиформе, акутна ренална инсуфициенција.
Непознато
  • Феноменот на Рејно.
Чести
  • Главоболка, зашеметеност, вертиго, парестезија, нарушен вид, палпитации, тахикардија, миокарден инфаркт, прекумерна хипотензија кај високо ризични пациенти, хипотензија и дејства поврзани со хипотензија, кашлица, диспнеа, наузеа, вомитус, абдоминална болка, дисгеузија, диспепсија, дијареа, констипација, осип, пруритус, ренална инсуфициенција.
Помалку чести
  • Еозинофилија, хипогликемија, хиперкалиемија која е реверзибилна по прекин на терапијата, хипонатриемија, нарушувања во однесувањето или нарушено спиење, депресија, поспаност, синкопа.
Многу чести
  • Конфузија, васкулитис, бронхоспазам, сува уста, ангиоедем на лицето, екстремитетите, усните, мукозните мамбрани, јазикот, глотисот и/или ларинксот, уртикарија, фотосензитивни реакции, артралгија, мијалгија, импотенција, болка во градите, малаксаност, периферен едем, пирексија, зголемено ниво на уреа во крвта, зголемено ниво на креатинин во крвта, паѓање.
Симптоми
  • Хипотензија, циркулаторен шок, електролитен дисбаланс, ренална инсуфициенција, хипервентилација, тахикардија, палпитации, брадикардија, зашеметеност, анксиозност и кашлица.
Третман
  • Администрација на интравенска инфузија на солен раствор; 
  • Поставување на пациентот во лежечка позиција; 
  • Хемодијализа. 

Поради можност од појава на хипотензија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09AA04
Генерично име:perindopril
Латинично име:Perindopril tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:4mg таблети
Производител:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија