Tramadol е аналгетик со силно централно дејство, кој покажува силен афинитет за врзување со µ-опиоидните рецептори и делува преку механизам на инхибиција на ре-преземањето на норепинефринот и на серотонинот, со што го олеснува инхибиторниот ефект врз трансмисијата на болката.
Препорачана доза на tramadol е 50 – 100 mg на секои 4 – 6 часа, но не повеќе од 400mg дневно.
Акутна болка
- Препорачана доза на tramadol e 100mg; понатаму може да се продолжи со дози од 50mg или 100mg во интервали не пократки од 4 часа, во зависност од клиничката слика на пациентот.
Хронична болка
- Почетна доза на tramadol e 50mg, а потоа дозата може да се зголемува во зависност од интензитетот на болката.
Посебни популацииПостари пациенти (65 - 75 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата на tramadol.
Педијатриска популација
- Употребата на tramadol кај деца на возраст под 12 години е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачливо е намалување на дозата на tramadol и продолжување на интервалот на дозирање кај пациенти со ренална инсуфициенција;
- Пациентите со креатинин клиренс < 30 mL/min треба да примаат tramadol на секои 12 часа и не повеќе од 200mg дневно;
- Употребата на tramadol кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 10 mL/min) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е намалување на дозата на tramadol.
Tramadol има влијание врз психофизичката способност, поради што се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.