Урогенитална трихомонијаза
Акутен улцеративен гингивитис
Инфекции предизвикани од Entamoeba hystolytica
Инфекции предизвикани од Giardia lamblia
Хронични рани предизвикани од притисок и улкуси, со можна инфекција предизвикана од анаеробни бактерии
Бактериска вагиноза
Ерадикација на Helicobacter pylori
Бактериски инфекции предизвикани од Bacteroides spp., Clostridium spp., Eubacterium spp., Peptococcus spp. и Peptostreptococcus spp.,
- Урогенитални инфекции;
- Абдоминални инфекции;
- Инфекции на CNS;
- Инфекции на зглобовите, кожата и меките ткива;
- Перидонтални инфекции;
- Респираторни инфекции.
Ентероколитис предизвикан од Clostridium difficile
Профилакса пред гинеколошки и гастроинтестинални хируршки интервенции
Metronidazole претставува нитроимидазолен антибиотик кој делува преку механизам на инхибиција на синтеза на протеини преку врзување со бактериската DNA, при што предизвикува прекин и нарушување на DNA структурата, што резултира со смрт на клетката на микроорганизмот. Metronidazole го остварува своето дејство така што најпрво навлегува во бактериската клетка по пат на дифузија преку клеточната мембрана, после што настанува редуктивна активација со интрацелуларни транспортни протеини со менување на хемиската структура на пируват-феридоксин оксидо-редуктаза; редукцијата на metronidazole доведува до концентрациски градиент на клетката, што резултира со зголемено навлегување на лекот и поттикнува формирање на слободни радикали кои се цитотоксични за бактериската клетка. Следниот чекор е интеракција со интрацелуларните структури, интеракција со DNA, дестабилизација и нарушување на DNA-структурата и на крај следува разградба на цитотоксичните продукти.
Препорачана вообичаена доза на metronidazole e 400mg на секои 8 часа, во период од 7 дена.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана вообичаена доза на metronidazole за деца на возраст под 12 години е 7,5 mg/kg телесна тежина на секои 8 часа.
Ламблијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 25 - 35 mg/kg телесна тежина, aдминистрирана во две поделени дози (на секои 12 часа), во период од 5 дена.
Интестинални форми на амебијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 35 - 50 mg/kg телесна тежина, администрирана на секои 8 часа, во период од 5 дена.
Хепатален апсцес и други екстраинтестинални форми на амебијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 35 - 50 mg/kg телесна тежина, администрирана на секои 8 часа, во период од 5 дена.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
Ентероколитис предизвикан од Clostridium difficile
- Препорачана доза на metronidazole е 400mg на секои 8 часа, во период од 10 дена.
Бактериски вагинитис
- Препорачана доза на metronidazole е поединечна доза од 2000mg дневно или со доза од 400mg, администрирана на 12 часа, во период од 7 дена.
Ерадикација на Helicobacter pylori
- Препорачана доза на metronidazole е 400mg на секои 12 часа, во период од 7 дена, во комбинација со другите пропишани лекови за третман на улкус асоциран со Helicobacter pylori.
Трихомонијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 2000mg, администрирана во облик на еднократна доза или поделена во две поединечни дози (на 12 часа).
Ламблијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 400mg на секои 12 часа, во период од 5 дена.
Интестинални форми на амебијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 800mg на секои 8 часа, во период од 5 дена.
Хепатален апсцес и други екстраинтестинални форми на амебијаза
- Препорачана доза на metronidazole е 800mg на секои 8 часа, во период од 5 дена.
Улцеративен гингивитис
- Препорачана доза на metronidazole е 200mg на секои 8 часа, во период од 3 - 5 дена.
Поради можност од појава на поспаност, губење на свеста, халуцинации, конфузност, конвулзии и транзиторни нарушувања на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.