Медицински и хируршки инфекции предизвикани од анаеробни бактерии
Профилакса при хируршки процедури со ризик од развој на анаеробна инфекција
Сериозна интестинална и хепатална амебијаза
Metronidazole претставува нитроимидазолен антибиотик кој делува преку механизам на инхибиција на синтеза на протеини преку врзување со бактериската DNA, при што предизвикува прекин и нарушување на DNA структурата, што резултира со смрт на клетката на микроорганизмот. Metronidazole го остварува своето дејство така што најпрво навлегува во бактериската клетка по пат на дифузија преку клеточната мембрана, после што настанува редуктивна активација со интрацелуларни транспортни протеини со менување на хемиската структура на пируват-феридоксин оксидо-редуктаза; редукцијата на metronidazole доведува до концентрациски градиент на клетката, што резултира со зголемено навлегување на лекот и поттикнува формирање на слободни радикали кои се цитотоксични за бактериската клетка. Следниот чекор е интеракција со интрацелуларните структури, интеракција со DNA, дестабилизација и нарушување на DNA-структурата и на крај следува разградба на цитотоксичните продукти.
Не се препорачува употреба на metronidazole кај жени во репродуктивен период.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на хемодијализа.
Поради можност од појава на конфузија, халуцинации и привремено нарушување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.