Лек: Буслера

  • ATC код:L01AB01
  • Компанија:Промедика доо
  • Доза:60mg/10mL концентрат за раствор за инфузија
Подготвителна терапија пред конвенционалната трансплантација на хематопоетични прогениторни клетки (НРСТ) кај возрасни пациенти
  • Применлив во комбинација со циклофосфамид (BuCy2).

Подготвителна терапија пред конвенционалната трансплантација на хематопоетични прогениторни клетки (НРСТ) кај возрасни пациенти кои се кандидати за подготвителен режим со редуциран интензитет
  • Применлив во комбинација со флударабин (FB).

Подготвителна терапија пред конвенционалната трансплантација на хематопоетични прогениторни клетки (НРСТ) кај педијатриски пациенти
  • Применлив во комбинација со циклофосфамид (BuCy2) или со мелфалан (BuMel).

Busulfan претставува потентен цитотоксичен алкилирачки агенс кој содржи две лабилни метансулфонатни функционални групи прикачени на краевите од јаглеродниот низ; со хидролиза на busulfan се ослободуваат метансулфонатните групи и се продуцираат карбониум јони кои ја алкилираат DNA и на тој начин интерферираат со нејзината репликација и транскрипција. Оваа промена која се случува на ниво на DNA не може да биде коригирана со помош на клеточните механизми, со што засегнатата клетка претрпува програмирана клеточна смрт, односно апоптоза.

Busulfan мора да се разреди пред администрација до постигнување на концентрација од приближно 0,5 mg/mL busulfan.

Busulfan се администрира со интравенска инфузија, преку централен венски катетер.

Busulfan не треба да се администрира како брза интравенска, болус или периферна инјекција.

Сите пациенти пред лекувањето со busulfan треба да се третираат со антиконвулзиви, со цел спречување на напади при употреба на високи дози на busulfan. Антиконвулзивите се администрираат 12 часа пред busulfan до 24 часа по последната доза на busulfan.

Комбинација со циклофосфамид или мелфалан
Возрасни пациенти
  • 0,8 mg/kg телесна тежина busulfan во облик на двочасовна инфузија, на секои 6 часа, во тек на 4 последователни денови, во вкупно 16 дози;
  • Потоа следува циклофосфамид со 60 mg/kg телесна тежина дневно во тек на 2 дена, со почеток најмалку 24 часа по 16-тата доза busulfan.
Педијатриска популација

Табела 1. Препорачани дози на busulfan кај пациенти од педијатриската популација

Моментална телесна тежина (kg)

Доза на busulfan (mg/kg)

< 9

1,0

9 – 16

1,2

16 – 23

1,1

23 – 34

0,95

>  34

0,8

  • Оваа доза е проследена со 4 циклуси со 50 mg/kg телесна тежина циклофосфамид или со една администрација од 140 mg/m2 мелфалан, со почетокот од најмалку 24 часа по 16-тата доза на busulfan.
  • Busulfan се администрира како двочасовна инфузија на секои 6 часа, во текот на 4 последователни дена, со вкупно 16 дози пред циклофосфамид или мелфалан и трансплантација на хематопоетски прогениторни клетки.
Постари пациенти
  • Применлива е истата доза на busulfan која се однесува на возрасни пациенти.
Комбинација со флударабин
Возрасни пациенти
  • Флударабин се администрира во облик на едночасовна инфузија, еднаш дневно по 30 mg/m2 во тек на 5 последователни денови или 40 mg/m2 во тек на 4 последователни денови;
  • Busulfan се администрира во доза од 3,2 mg/kg, во облик на тричасовна инфузија, еднаш дневно, веднаш по флударабин, во тек на 2 или 3 последователни денови.
Педијатриска популација
  • Нема податоци;
  • Busulfan не се препорачува кај гојазни деца и адолесценти со индекс на телесна тежина поголем од 30 kg/m2.
Постари пациенти
  • Применлива е истата доза на busulfan која се однесува на возрасни пациенти.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачлива е претпазливост кај пациентите со сериозно хепатално оштетување.
  • Хиперсензитивност кон busulfan;
  • Бременост.
Метронидазол, итраконазол
  • Пациентите кои busulfan го земаат истовремено со метронидазол или итраконазол треба внимателно да се следат за бусулфанска токсичност.
Кетобемидон
  • Истовремената употреба на busulfan со аналгетици како што е кетобемидон може да резултира со зголемување на серумските нивоа на busulfan.
Ацетаминофен
  • Парацетамолот ги намалува серумските нивоа на глутатионот, и поради тоа може да го намали и клиренсот на busulfan.
Фенитоин
  • Истовремената употреба на busulfan со фенитоин може да резултира со зголемување на клиренсот на busulfan поради индукција на глутатион С-трансферазата.
Деферасирокс
  • Истовремената употреба на busulfan со деферасирокс може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на busulfan.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на busulfan за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со busulfan.

Busulfan може да ја наруши плодноста кај мажи и кај жени.

Комбинација со циклофосфамид или мелфалан
Многу чести
  • Ринитие, фарингитис, неутропенија, тромбоцитопенија, фебрилна неутропенија, анемија, панцитопенија, алергиска реакција, анорексија, хипергликемија, хипокалциемија, хипокалиемија, хипомагнеземија, хипофосфатемија, анксиозност, депресија, инсомнија, главоболка, вертиго, тахикардија, хипертензија, хипотензија, тромбоза, вазодилатација, диспнеа, епистакса, кашлица, икање, стоматитис, дијареа, абдоминална болка, наузеа, вомитус, диспепсија, асцит, констипација, дискомфорт на анусот, хепатомегалија, жолтица, осип, пруритус, алопеција, мијалгија, артралгија, болка во грбот, дисурија, олигурија, астенија, морници, треска, градна болка, едем, општ едем, болка, болка или инфламација на местото на инјектирање, мукозитис, покачени серумски нивоа на трансаминазите, хипербилирубинемија, покачени серумски нивоа на гама-глутамилтрансферазата, покачени серумски нивоа на алкална фосфатаза, обезност, абнормални звуци при дишење, покачени серумски нивоа на креатинин.
Чести
  • Хипонатриемија, конфузија, аритмија, атријална фибрилација, кардиомегалија, перикардијална ефузија, перикардитис, хипервентилација, белодробно затајување, алвеоларно крварење, астма, ателектаза, плеврална ефузија, хематемеза, илеус, езофагитис, венска оклузивна болест на хепарот, кожна десквамација, еритема, нарушување на пигментацијата, хематурија, умерена ренална инсуфициенција, хиперсаливација.
Помалку чести
  • Делириум, нервоза, халуцинации, агитација, напади, енцефалопатија, церебрално крварење, вентрикуларни екстрасистоли, брадикардија, феморална артериска тромбоза, синдром на капиларно истекување, хипоксија, гастроинтестинално крварење.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Хипогонадизам, катаракта, тенчење на корнеата, нарушување на леќите, интерстицијално заболување на белите дробови, дентална хипоплазија, прематурна менопауза, оваријално затајување.
Комбинација со флударабин
Многу чести
  • Вирусна инфекција, реакцијација на цитомегаловирусна инфекција (СМV), реактивација на инфекција со Еpstein-Barr вирус (EBV), бактериска инфекција, хипоалбуминемија, електролитно нарушување, хипергликемија, наузеа, вомитус, дијареа, стоматитис, венска оклузивна хепатална болест, хеморагичен циститис, мукозитис, покачени серумски нивоа на трансаминазите, хипербилирубинемија, покачени серумски нивоа на алкална фосфатаза.
Чести
  • Инвазивна фунгална инфекција, пулмонарна инфекција, главоболка, нарушувања на нервниот систем, хипертензија, пулмонарно крварење, осип, ренално нарушување, покачени серумски нивоа на креатинин.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Абсцес на мозокот, целулитис, сепса, фебрилна неутропенија, анорексија, агитација, конфузија, халуцинации, церебрално крварење, енцефалопатија, атријална фибрилација, пулмонарно затајување, гастроинтестинално крварење, дентална хипоплазија, жолтица, хепатално нарушување, олигурија, астенија, едем, болка, покачени серумски нивоа на лактат дехидрогеназа, покачени серумски нивоа на урична киселина, покачени серумски нивоа на уреа, обезност, покачени серумски нивоа на гама-глутамилтрансфераза. 
Симптоми
  • Длабока миелобластија и панцитопенија.
Третман
  • Препорачливо е следење на хематолошкиот статус на пациентот.
  • Во случај на предозирање со busulfan, може да се земе предвид и дијализа.
  • Со оглед на тоа дека busulfan се метаболизира преку конјугација со глутатион, може да се земе предвид администрација на глутатион.

Нема податоци.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01AB01
Генерично име:busulfan
Латинично име:Busulfan concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:60mg/10mL концентрат за раствор за инфузија
Производител:Промедика доо
Носител на одобрение:GENSENTA ILAC SANAYI ve TICARET A.S., Јенибосна/Истанбул, Турција