Хиперфосфатемија
Хронична ренална инсуфициенција
Недостаток на калциум во исхраната
Гастричен хиперацидитет
Calcium carbonate е неорганска сол која делува преку механизам на неутрализација на хлороводородната киселина во желудникот; исто така, calcium carbonate врши инхибиција на активноста на пепсинот преку механизам на покачување на вредностите на гастричната рН. Цитопротективниот ефект на calcium carbonate се должи на зголемувањето на концентрацијата на бикарбонатните јони и на простагландините.
По орална администрација, calcium carbonate во желудникот реагира со HCl и доздава растворлив калциум хлорид, кој во интестинумот, на висока рН-вредност, се претвора во нерастворлив calcium carbonate.
Calcium carbonate се употребува во тек на оброк.
Дозата на calcium carbonate се титрира врз основа на серумските нивоа на калциум и фосфати; нивото на фосфати во серумот мора да се движи од 0,8 – 1,5 mmol/L, додека нивото на калциум во серумот мора да се движи од 2,1 – 2,7 mmol/L.
Доколку во текот на спроведување на терапијата се јави хиперкалциемија, дозата треба да се редуцира.
Кај пациенти со тешка хиперфосфатемија, пред почетокот на терапијата со calcium carbonate се препорачува краткотрајна апликација на препарати на алуминиум кои ги врзуваат фосфатите.
Хиперфосфатемија
- Возрасни пациенти – 2,5 – 17 g дневно, поделени во повеќе дози;
- Деца на возраст од 6 – 12 години – ½ таблета, 3 – 4 пати дневно;
- Деца на возраст од 12 – 18 години – 1 – 1 ½ таблети, 3 – 4 пати дневно, максимално до 5g дневно.
Терапија при недостаток на калциум
- Возрасни пациенти – 0,5 – 3 g, трипати дневно;
- Деца на возраст од 6 – 12 години – ½ таблета, 3 – 4 пати дневно;
- Деца на возраст од 12 – 18 години – 1 – 1 ½ таблети, 3 – 4 пати дневно, максимално до 5g дневно.
Терапија при гастричен хиперацидитет
- Возрасни пациенти – 0,5 – 3 g, трипати дневно;
- Деца – 0,25 – 1g, трипати дневно.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.