Лек: Идеос

  • ATC код:A12AX
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:500mg/400 IE таблети за џвакање
Корекција на комбиниран недостаток на витамин D и калциум кај постари лица
Суплементарна терапија со калциум и витамин D при употреба на специфична терапија за остеопороза, кај пациенти со потврден или висок ризик од комбиниран недостаток на калциум и витамин D
Calcium
  • Калциумот го коригира инсуфициентниот внес на калциум со исхраната.
Cholecalciferol
  • Витаминот D (cholecalciferol) го коригира инсуфициентниот внес на витамин D со исхраната; cholecalciferol ја зголемува интестиналната апсорпција на калциум и неговата фиксација во коскеното ткиво.

Возрасни пациенти
  • Една таблета, двапати дневно, се шмука или се џвака.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон calcium;
  • Хиперсензитивност кон cholecalciferol;
  • Хиперкалциемија, хиперкалциурија и болести и состојби кои доведуваат до хиперкалциемија и/или хиперкалциурија (на пр. миелом, коскени метастази, примарен хиперпаратироидизам);
  • Calcium lithiasis нефрокалциноза;
  • Тешко ренално нарушување (GFR < 30 mL/min);
  • Хипервитаминоза D.
Дигоксин
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со дигоксин може да го зголеми ризикот од развој на сериозна дисритмија.
Бифосфонати
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со лекови од групата на бифосфонати може да резултира со намалена гастроинтестинална реапсорпција на бифосфонатите; поради тоа, се препорачува растојание од 30 минути до 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и бифосфонатите.
Стронциум
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со стронциум може да резултира со намалување на гастроинтестиналната реапсорпција на стронциумот.
Тетрациклини
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со антибиотици од групата на тетрациклини може да резултира со намалена реапсорпција на тетрациклините; поради тоа, се препорачува растојание од 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и тетрациклините.
Рифампицин
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со рифампицин може да резултира со намалување на концентрациите на витамин D. 
Ципрофлоксацин, норфлоксацин
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со лекови како што се ципрофлоксацин и норфлоксацин може да го зголеми ризикот од намалена цревна реапсорпција на овие флуорохинолони.
Долутегравир
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со долутегравир може да го зголеми ризикот од намалување на цревната реапсорпција на долутегравир; поради тоа, се препорачува растојание од 2 часа по или 6 часа пред внесувањето на долутегравир.
Соли на железо
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со соли на железо може да го зголеми ризикот од намалување на гастроинтестиналната апсорпција на солите на железо; поради тоа, се препорачува растојание од 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и солите на железо.
Цинк
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со цинк може да го зголеми ризикот од намалена гастроинтестинална апсорпција на цинкот; поради тоа, се препорачува растојание подолго од 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и цинкот.
Естрамустин
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со естрамустин може да го зголеми ризикот од намалена гастроинтестинална апсорпција на естрамустинот; поради тоа, се препорачува растојание подолго од 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и естрамустинот.
Хормони на тироидната жлезда
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со тироидни хормони може да го зголеми ризикот од намалена реапсорпција на тироидните хормони; поради тоа, се препорачува растојание подолго од 2 часа помеѓу земањето на calcium, cholecalciferol и тироидните хормони.
Антиепилептични лекови кои индуцираат ензими
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со антиепилептични лекови кои индуцираат ензими, како што се карбамазепин, фенитоин, фенобарбитал, фосфенитоин и примидон, може да резултира со намалување на концентрациите на витамин D.
Орлистат
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со орлистат може да ја наруши реапсорпцијата на витаминот D.
Тиазидни диуретици
  • Истовремената употреба на calcium, cholecalciferol со тиазидни диуретици може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалциемија како резултат на намалување на уринарната екскреција на калциумот.
Храна и пијалоци кои содржат оксална киселина
  • Не се препорачува истовремена употреба на calcium, cholecalciferol со храна и пијалоци кои содржат оксална киселина, како што се спанаќот, рабарбарата, какаото и чајот. 
Храна и пијалоци кои содржат фосфати
  • Не се препорачува истовремена употреба на calcium, cholecalciferol со храна и пијалоци кои содржат фосфати, како што се свинското месо, шунката, преработеното сирење, колбаси, десертни кремови и пијалоци кои содржат кола.
Храна и пијалоци кои содржат фитинска киселина
  • Не се препорачува истовремена употреба на calcium, cholecalciferol со храна и пијалоци кои содржат фитинска киселина, како што се житарици од цело зрно, сув зеленчук, семиња од маслодајни растенија и чоколадо. 
Бременост
  • Не се препорачува употреба на calcium, cholecalciferol за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со calcium, cholecalciferol.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Хиперкалциемија, хиперкалциурија.
Ретки
  • Опстипација, гасови, наузеа, абдоминални болки, дијареа, пруритус, црвенило, уртикарија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Реакции на хиперсензитивност, како што се ангиоедем или едем на ларинксот, млечно-алкален синдром (хиперкалциемија, алкалоза и ренално нарушување).
Симптоми
  • Хиперкалциемија и хиперкалциурија (анорексија, наузеа, вомитус, полидипсија, полиурија, опстипација, абдоминална болка, мускулна слабост, замор, хипертензија, ментални нарушувања, болки во коските, ренална калциноза, ренални камења, срцева аритмија.

Третман
  • Гастрична лаважа, рехидратација, перитонеална дијализа (применливо кај пациенти со ренална инсуфициенција).

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A12AX
Генерично име:calcium, cholecalciferol
Латинично име:Calcium, cholecalciferol chewable tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg/400 IE таблети за џвакање
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:INNOTHERA CHOUZY, Валор-сур-Сисе, Франција